Ковачевски да му бакне рака на Мицкоски


(Колумна за Дојче веле) Да бев на местото на премиерот Димитар Ковачевски ќе појдев во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе му бакнев рака на Христијан Мицкоски да ми ја каже волшебната формула како ќе ја спаси Македонија оваа и наредната година од енергетска криза и притоа државата да заштеди 300 милиони евра. По јавната …

Ковачевски да му бакне рака на Мицкоски Read More »

Целосна блокада на умот


  Во период кога на Македонија ѝ е неопходен широк консензус, заеднички ставови на релевантните политички партии и лидери, интелектуални и деловни елити и на мнозинството граѓани, за обврските кои произлегуваат од преговорите за членство во ЕУ, се навестува целосна блокада на парламентот. Ваквиот заговор на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица за минирање на работата на законодавниот …

Целосна блокада на умот Read More »

Да ги раскинеме ли договорите со Бугарија и со Грција?!


(Колумна за Дојче веле) Идеите за раскинување на договорите за добрососедство со Бугарија и со Грција добија во својата жестина. Од поединечни критички настапи на јавни личности и пропагандни популистички партиски соопштенија и изјави, тие од ден во ден прераснуваат во сериозна закана за европската перспектива на Македонија. Не се во прашање само барањата на …

Да ги раскинеме ли договорите со Бугарија и со Грција?! Read More »

Ни доаѓа ли сибирска зима?


(Колумна за Дојче веле) Велат, последното гајле секогаш е најголемо. Пред најавите дека ни се заканува сибирска зима која влева страв во коските, се чини како први да „замрзнаа“ националните и идентитетски  проблеми со кои се заплашува Македонија од исчезнување. Некако многу брзо спласна стравот од асимилација и бугаризација на македонскиот народ, падна и адреналинот …

Ни доаѓа ли сибирска зима? Read More »

Не кријте се зад народот


(Колумна за Дојче веле) Евентуалниот референдум во овие околности во кои се наоѓа Македонија ќе ја блокира целосно нејзината европска, цивилизациска и просперитетна иднина. Црната и агресивна популистичка пропаганда за спасување на Македонците од наводната нивна бугаризација и асимилација ќе го даде поразителниот резултат без оглед какво и да е референдумското прашање. При ваква лажно …

Не кријте се зад народот Read More »

Спасоносното решение на академик Коцарев


(Колумна за Дојче веле) Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во својата анализа објавена во „Нова Македонија“ го понуди познатото и веќе објавено спасоносно решение кое ќе го спречи исчезнувањето на Македонците. Тој со научен пристап на претпоставки, потпирајќи се на „Орвел 1984“, во својата пародија го одреди точниот датум на исчезнување на сѐ што …

Спасоносното решение на академик Коцарев Read More »

Најдолгиот пат до Брисел


 (Колумна за Дојче веле) Половина македонска влада и една голема група од над 50 новинари и фоторепортери летнаа со грчки авион за Брисел. За кого како, но за мене во тоа има некоја симболика. Сабајлево истурив една кофа вода според добрите обичаи да им оди работата со лесно. Денес се одржува првата меѓувладина конференција со …

Најдолгиот пат до Брисел Read More »

Гори фитилот на бурето барут


(Колумна за Дојче веле) Креаторите на јавното мислење во Македонија можат да бидат задоволни. Добро подготвената операција за поделба и предизвикување тензии во јавноста за француско-европскиот предлог за отпочнување на преговорите со ЕУ е успешно завршена. Фитилот на бурето барут е запален. Се чека експлозија со насилно соборување на владата, чин што веќе се одвива …

Гори фитилот на бурето барут Read More »

Се случи ли народ на митингот на ВМРО ДПМНЕ?


Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имал само десет години кога првпат е употребена многу примамливата митингашка крилатица: „Десио се народ“. Поради детската возраст тогаш, може и донекаде денес да му се прости што трипати во својот говор, величајќи го митингот пред владата, 35 години подоцна, ги употреби истите зборови кои беа предвесник на крвавиот распад …

Се случи ли народ на митингот на ВМРО ДПМНЕ? Read More »

Востанието на Мицкоски може да почне


(Колумна за Дојче веле) Голем вознес и наплив на силен патриотизам ме обли денес кога во поштенското сандаче го најдов срцепарателниот историски повик за кревање на востание и уривање на предавничката власт, потпишано лично од спасителот на Македонија – Христијан Мицкоски.  Напишано по урнекот на Илинденското востание, Мицкоски како воскреснат Никола Карев повикува на ослободување …

Востанието на Мицкоски може да почне Read More »

МПЦ во мистиката на православието


(Колумна за Дојче веле) По одлуката на Српската православна црква да издаде акт, документ за признавање на автокефалноста на МПЦ-Охридска архиепископија, веќе може да се каже дека Македонската православна црква, да се изразам со световен јазик, ги почнува „преговорите“ со сестринските православни цркви за признавање на целосна автокефалност. Колку ќе траат и колку вета со …

МПЦ во мистиката на православието Read More »

Туморот што ги убива Бугарите и Македонците


(Колумна за Дојче веле) Повеќе денови сум под силна импресија од брилијантниот и храбар текст на бугарскиот политиколог и универзитетски професор Евгениј Дајнов објавен во бугарскиот весник „Дневник“. Оксфордскиот дипломец Дајнов извршил вивисекција, прецизна хируршка операција на жив организам, прикажувајќи ја комплетната анатомија на едно злосторство на политиката врз сопствениот народ. Го открил туморот што ги …

Туморот што ги убива Бугарите и Македонците Read More »

До каде стаса операцијата за спасување на Македонија


(Колумна за Дојче веле) Специјалната операција на ВМРО-ДПМНЕ за спасување на Македонија од „катастрофалната власт“ имаше лош старт со блокадата на Собранието. Како што и се предвидуваше, не се случи ништо досега невидено, неприменето, а секогаш неуспешно, докажано низ практиката и досегашните искуства. Нова е само додавката „активна“, што ја означува старата добро позната доктрина …

До каде стаса операцијата за спасување на Македонија Read More »

Ај да го видиме и тоа чудо што не сме го виделе


(Колумна за Дојче веле) Со голема професионална љубопитност, но и со загриженост го очекувам 10 мај, денот кога истекува ултиматумот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за договор за предвремени избори. Откако експресно доби одговор дека редовни избори ќе има во 2024 година, оти сега имало поважни работи од битки за власт, веќе нема …

Ај да го видиме и тоа чудо што не сме го виделе Read More »

Е, ова е нова бугарска административна окупација


(Колумна за Дојче веле) Мостот што Македонија го гради макотрпно дење кон Бугарија за премостување на  историски надојдените води, ноќе под закрила на темницата бугарските мрачни сили го уриваат. Се фрла во матната секој сантиметар мака и жртва на македонскиот народ и држава. Така, повеќегодишното вето со воскреснувањето на Ванчо Михајлов во Битола прерасна во нова …

Е, ова е нова бугарска административна окупација Read More »

Како голтарите станаа милионери


(Колумна за Дојче веле) Кога го видов насловот „Политичарите голтари станаа милионери“ објавен во речиси сите медиуми, изведен од изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, прво што помислив, еве една вистинска опозициска тема од највисок државен интерес која ја џвакаме и преџвакуваме најчесто безуспешно цели 30 и кусур години.  За жал, изненадувањето за „храброста“ …

Како голтарите станаа милионери Read More »

Тројанскиот коњ на Ангел Димитров


(Колумна за Дојче веле) Ангел Димитров, копретседател на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за образовни и историски прашања на Бугарија и на Македонија, во екот на руската инвазија врз Украина испука една силна пропагандна ракета кон Скопје, Вашингтон, Брисел и еден проектил на пристојна одалеченост од својот премиер Кирил Петков, колку за опомена да внимава што работи. …

Тројанскиот коњ на Ангел Димитров Read More »

Послушните ќе го уништат светот


(Колумна на Дојче веле) „Можно е, па дури и веројатно, дека човечкиот род ќе ја уништи цивилизацијата, а можеби и целиот живот на земјата, во следните пет до десет години. Нема никаква рационалност ниту пак смисла во сето тоа. Но, факт е дека денес, додека од технички аспект живееме во атомско доба, повеќето луѓе – …

Послушните ќе го уништат светот Read More »

Кројачницата на Мицкоски за брзи избори


Последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се објаснува зошто се потребни предвремени парламентарни избори, конечно ги расчисти сите дилеми за неопходноста за брза промена на власта. Тоа е единствениот ефикасен начин да се спречи премиерот Димитар Ковачевски да краде. Кога ќе дојдат на власт ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, предводени од новиот премиер Христијан Мицкоски, во …

Кројачницата на Мицкоски за брзи избори Read More »