Грчката економија бележи раст од седум отсто во првиот квартал од годинава


Во првото тримесечје од годинава, бруто домашниот производ во Грција бележи раст од седум отсто споредено со истиот период лани и зголемување за 2,3 проценти во споредба со последниот квартал од 2021 година, согласно привремените податоци од грчката служба за статистиката, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемувањето на БДП за седум отсто доаѓа од …

Грчката економија бележи раст од седум отсто во првиот квартал од годинава Read More »

Голем шумски пожар во близина на атинска населба, се евакуираат жителите


Преку бројот 112 за итни случаи, Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција побара од жителите на атинската населба Ано Вула во јужниот дел на градот да се евакуираат, поради големиот пожар што попладнево избувна во подножјето на планината Имито и брзо од една, се прошири кон друга населба, јави дописничката на МИА …

Голем шумски пожар во близина на атинска населба, се евакуираат жителите Read More »

Во внатрешните делови на траектите и во такси возилата во Грција маската останува задолжителна


  Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција на денешниот состанок донела препорака маската и понатаму да биде задолжителна во внатрешните делови на бродовите и траектите, во такси возилата, како и во аптеките, препорака прифатна од грчката Влада, јави дписничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека за …

Во внатрешните делови на траектите и во такси возилата во Грција маската останува задолжителна Read More »

Во Грција од денеска без рестриктивни мерки за Ковид-19 – без маски и во затворено


Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина. Исклучок постои само за болниците, …

Во Грција од денеска без рестриктивни мерки за Ковид-19 – без маски и во затворено Read More »

Грција е близок сојузник и преговорите со со ЕУ треба да почнат веднаш, вели Дендијас


  Грција работи засилено за обезбедување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Верувам дека единствениот пат за да се постигнат тие цели претставува јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан. Сигурни сме и длабоко веруваме дека преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да почнат веднаш, изјави попладнево шефот на грчката …

Грција е близок сојузник и преговорите со со ЕУ треба да почнат веднаш, вели Дендијас Read More »

Лажна тревога во Грција: Британскиот турист има варичела, а не мајмунски сипаници


Британскиот турист во Грција кој се водеше како првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, има варичела, а не мајмунски сипаници, покажаа испитувањата направени во Лабораториите за микробиологија на Универзитетот во Солун и во атинската болница каде што е хоспитализиран мажот, јави дописничката на МИА од Атина. Националната организација за јавно здравје на Грција …

Лажна тревога во Грција: Британскиот турист има варичела, а не мајмунски сипаници Read More »

Маската во затворените простори, единствената Ковид мерка актуелна во Грција


На почетокот на месецов Грција укина голем дел од рестрикциите за спречување на ширењето на Ковид-19, а единствената мерка што сè уште е во сила е маската во затворени простори, јави дописничката на МИА од Атина. За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека …

Маската во затворените простори, единствената Ковид мерка актуелна во Грција Read More »

Грција очекува 900.000 туристи од Србија


Грција– Оваа година очекуваме 900.000 туристи од Србија во Грција, рече министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас од Белград, каде што одржува низа средби со туристички оператори и агенции, но и со претставници од српската Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „ЕРТ“, Кикиљас истакна дека летово, српските туристи ќе …

Грција очекува 900.000 туристи од Србија Read More »

Од 1 јуни во Грција привремено се укинува задолжителната маска и во затворено


Грција– Од 1 јуни привремено се укинува задолжителната маска и во внатрешните објекти во Грција, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и јавниот градски сообраќај, соопшти попладнево министерот за здравство Танос Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис рече дека одлуката е по препораката од надлежната комисија на епидемиолози и ќе важи …

Од 1 јуни во Грција привремено се укинува задолжителната маска и во затворено Read More »

Во Атина уапсен поранешен градоначалник на Букурешт


Во атинска населба, вчера бил уапсен странски државјанин, кој се барал со европска потерница од романските власти, а според грчките медиуми, станува збор за поранешниот градоначалник на Букурешт, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека 71-годишен странски државјанин бил уапсен поради европската потерница и се товари за поткуп, формирање организирана криминална …

Во Атина уапсен поранешен градоначалник на Букурешт Read More »

Комисијата на епидемиолози во Грција утре ќе одлучува за маската на затворено


Маската во затворен простор во Грција и понатаму е задолжителна до крајот на месецов, а според министерот за здравство, надлежната комисија на епидемиолози, утре ќе донесе препорака за евентуалното укинување по 1 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ рече дека ги …

Комисијата на епидемиолози во Грција утре ќе одлучува за маската на затворено Read More »

Грција втора во светот по „Сини знамиња“ на плажи и марини


Со 581 наградена плажа, Грција го задржа второто место во светот по добиените „Сини знамиња“ за плажи, марини и јахти, а регионот на Халкидики повторно е прв во земјата по бројот на вкупни награди, со 96 знамиња, јави дописничката на МИА од Атина. „Сините знамиња“ знак на одличен квалитет, оваа година ќе се веат на …

Грција втора во светот по „Сини знамиња“ на плажи и марини Read More »

Профитот на грчките енергетски компании е зголемен на речиси 600 милиони евра


Зголемената бруто профитна маржа на грчките енергетски компании на пазарот на големо достигнува до 591,45 милиони евра, за периодот од октомври 2021 година до март 2022 година, според првичните податоците од Регулаторното тело за енергетика (РАЕ), соопшти Министерството за животна средина и енергија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Кон крајот на март, …

Профитот на грчките енергетски компании е зголемен на речиси 600 милиони евра Read More »

Инфлацијата во Грција достигна 10,2 отсто, највисока во изминатите 28 години


Инфлацијата во Грција во април бележи рекорд во изминатите 28 години и со 10,2 отсто, според медиумите е највисока од 1994 година, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од април 2021 година, досега, најголемо зголемување на цената, за 122,2 отсто има на природниот гас, …

Инфлацијата во Грција достигна 10,2 отсто, највисока во изминатите 28 години Read More »

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите


Во неодамнешниот извештај на Репортери без граници за слободата на медиумите, Грција беше рангирана на 108 место, со пад од 38 позиции во споредба со лани, а портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, коментира дека во конкретниот извештај не се запазени двата принципи на научност и сериозност и преку писмо до Репортери без граници бара …

Грчката Влада бара одговори од Репортери без граници за 108-то место на Грција во извештајот за слободата на медиумите Read More »

Колони возила од Грција чекаат на граница за влез во земјава


Колони возила чекаат на грчко-македонскиот граничен премин за влез во земјава. Граѓаните кои продолжениот празничен викенд го поминаа во Грција се жалат дека со часови чекаат на преминот од грчката страна, додека според последниот извештај на АМСМ, на граничниот премин Богородица, за влез во Македонија, има чекање од околу 30 минути. На останатите гранични премини, …

Колони возила од Грција чекаат на граница за влез во земјава Read More »

Кралот и кралицата на Белгија во официјална посета на Грција


 На поканата на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, кралот и кралицата на Белгија, од денеска до 4 мај ќе бидат во официјална посета на Грција и ќе остварат низа средби, јави дописничката на МИА од Атина. Кралското семејство ќе го придружуваат и неколку белгиски министри, а предвидено е за време на посетата на Грција да се …

Кралот и кралицата на Белгија во официјална посета на Грција Read More »

Oд денес нови релаксирани мерки за влез во Грција


Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат. Од денес Грција повеќе нема да им бара на патниците да покажат доказ за вакцинација, негативен ковид тест или доказ дека се опоравиле од …

Oд денес нови релаксирани мерки за влез во Грција Read More »

Новиот гасовод меѓу Грција и Бугарија ќе ја намали зависноста од Русија


  АТИНА – Планинска и оддалечена, грчко-бугарската граница некогаш го формираше јужниот агол на Железната завеса. Денес, тоа е местото каде што Европската унија повторно ја исцртува енергетската карта на регионот за да ја олесни неговата голема зависност од рускиот природен гас. Новиот гасовод – изграден за време на пандемијата на Ковид-19, тестиран и кој …

Новиот гасовод меѓу Грција и Бугарија ќе ја намали зависноста од Русија Read More »

Од 1 мај влез во Грција без сертификати


Грција – Грција привремено го укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози на денешниот состанок препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите …

Од 1 мај влез во Грција без сертификати Read More »