Слободни над 8000 работни места, најмногу во услужните дејности и продажба


Во првите три месеци од годинава во Македонија имало 8331 слободни работни места. Најмногу работници недостасувале во услужните дејности и продажба, а според регионот најбарани биле работници во пелагонискиот регион. Државниот завод за статистика објави дека во првото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,68 процент. Највисока стапка на слободни работни места …

Слободни над 8000 работни места, најмногу во услужните дејности и продажба Read More »

(Видео) Спасовски: Македонија ја вративме на патот на светлата иднина


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку видео обраќање зборуваше за направеното во една година од изборотот на владата. Тој вели дека прават коренити промени со кои Македонија се опоравува од 11 години режим, се ослободува заробената држава и се враќа правдата и довербата кон институциите. -Промени со кои конечно, луѓето – граѓаните …

(Видео) Спасовски: Македонија ја вративме на патот на светлата иднина Read More »

Скопје и Атина се оддалечуваат од брз договор за името


Македонија и Грција се оддалечуват од можноста за договор за името во наредните денови, дознава „Независен весник“ од владини извори од Атина. Иако македонскиот премиер Зоран Заев го определи денешниот ден како последен за неговиот клучен разговор со грчкиот колега Алексис Ципрас, владини извори велат дека најверојатно и таа комуникација нема да се реализира во …

Скопје и Атина се оддалечуваат од брз договор за името Read More »

Во Македонија лани родени 21.946 деца


Во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo 21.946 деца, од кои 21.754 живородени и 192 мртвородени. Бројот на живородените деца во 2017-та во споредба со претходната година, е намален за 5,4 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број живородени деца, 51,3 отсто се машки, а 48,7 женски. Најголем број раѓања (1.953) се регистрирани во …

Во Македонија лани родени 21.946 деца Read More »

Независни Грци не отстапуваат од ставот против сложено име и терминот Македонија


Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став против сложено име и вклучен термин Македонија во името на нашата земја. Оваа позиција, уште еднаш ја потврдија членовите на партијата говорејќи за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис, портапролката на партијата, Мадалена Пападопулу …

Независни Грци не отстапуваат од ставот против сложено име и терминот Македонија Read More »

Во 13 грчки градови ќе се протестира за името


Во 13 градови од северниот дел на Грција во среда, на 6 јуни, во 19,30 часот, ќе се одржат 13 паралелни протести за „грчкиот карактер на Македонија“. Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птолемаида, Катерини, Лагадас и туристичкото место Неа Мудања на Халкидики, се местата каде организаторите, „Комитетот за борба за грчкиот …

Во 13 грчки градови ќе се протестира за името Read More »

Заев тврди дека нема дефинитивен договор за името


Топло-ладно околу преговорите за името, според премиерот, утврдена е рамката за тоа како ќе се одвива процесот, се знае кога ќе има референдум, но сѐ уште се преговара за конечното име. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека дефинитивен договор за името „Република Северна Македонија“ сѐ уште нема, но Грција и Македонија ги договориле принципите и …

Заев тврди дека нема дефинитивен договор за името Read More »

Шведска ја совлада Македонија, Бајрамоска ја заврши кариерата


Женската ракометна репрезентација на Македонија беше совладана од Шведска со 20:32 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во Франција. Македонските ракометарки го доживеаја третиот пораз во квалификациите и ги загубија шансите за пласман на ЕП. Македонија не го искористи домашниот терен во „Кале“ и вторпат претрпува пораз од фаворитот Шведска. Швеѓанките во …

Шведска ја совлада Македонија, Бајрамоска ја заврши кариерата Read More »

Анкета: „Горна“ поприфатливо име од „Илинденска Македонија“


Вкупно 61,5 проценти од граѓаните не се согласуваат со промена на името во Република Илинденска Македонија, додека 38,9 отсто би го прифатиле името кога земјата ќе стане членка на Европската унија, покажуваат резултатите од анекатата на агенцијата М-Проспект. Прашани како ќе гласаат на референдум каде е поставено прашањето „Дали се согласувате со промена на името …

Анкета: „Горна“ поприфатливо име од „Илинденска Македонија“ Read More »

Ѓорѓиев: Разговорите со историчарите од Бугарија ќе бидат долги


Во третата декада од јуни се очекува да се одржи првиот состанок на заедничката мултидисциплинарана комисија на Македонија и на Бугарија која треба да работи на отворените историски и образовни прашања меѓу двете земји, откако владите во Скопје и во Софија го потпишаа Договорот за добрососедство. Нашите и историчарите од Бугарија со тоа ќе ги …

Ѓорѓиев: Разговорите со историчарите од Бугарија ќе бидат долги Read More »

Шекеринска: Македонија и ЕУ не смеат да ја пропуштат сегашната шанса


Македонија и ЕУ не смеат да ја пропуштат сегашната шанса, порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во Париз, каде учествува на годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни работи (ECFR). – Македонија не може да ја пропушти оваа можност, но се надевам дека и ЕУ нема да ја пропушти оваа можност. Статус-квото никогаш не …

Шекеринска: Македонија и ЕУ не смеат да ја пропуштат сегашната шанса Read More »

„Залив во ноќта“ – нова книга на Игор Поп Трајков


Вечерва во електронско издание ќе биде промовирана новата поетска збирка на Игор Поп Трајков – „Залив во ноќта“. Како што се вели во предговорот,  „низ песните и строфите кои се претопуваат една во друга, формирајќи наративна целина, е искажана тенденцијата на цивилизацијата да напредува и по војна, да продолжува и по смртта“. Оваа силина се …

„Залив во ноќта“ – нова книга на Игор Поп Трајков Read More »

Германија и Македонија лани реализирале трговска размена од 3,15 милијарди евра


Економско-трговските релации помеѓу двете земји, можностите за нивно натамошно унапредување и поголемо искористување на потенцијалите за инвестирање во Република Македонија од страна на германски компании биле тема на разговор на средбата на министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, со германскиот амбасадор Томас Герберих остварена вчера во Амбасадата на Сојузна Република Германија во …

Германија и Македонија лани реализирале трговска размена од 3,15 милијарди евра Read More »

Амбасада на Франција: „Нон пејпер“ не е конечен документ, заклучоците ќе ги проучи Советот на 26 јуни


Амбасадата на Франција со став дека, заклучоците за Македонија изнесени во „ нон пејперот“ не се конечни,  и дека ставот на Франција ќе биде дефинитивно утврден во договор со нејзините европски партнери, откако предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на …

Амбасада на Франција: „Нон пејпер“ не е конечен документ, заклучоците ќе ги проучи Советот на 26 јуни Read More »

Македонија на 41 место на листата на најдобро рангирани пасоши


На најновата листа на најдобро рангирани пасоши на американската компанија „Хенли енд Партнерс“ Македонија се наоѓа на 41 место бидејќи Македонците можат да патуваат во 125 држави без виза. На прво место од листата на која се наоѓаат 100 држави е Јапонија, бидејќи нејзините граѓани можат да патуваат без виза во 189 од 218 држави, …

Македонија на 41 место на листата на најдобро рангирани пасоши Read More »

Зголемен бројот на дипломирани во 2017-та во однос на 2016 година


Во 2017 година во Македонија дипломирале вкупно 8.545 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, што во споредба со 2016 година е зголемување за 3.6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Од нив, на државните високообразовни установи дипломирале 6.460, на приватните 2.045 и на верските факултети 40 студенти. Од вкупниот број дипломирани, 82.1 отсто …

Зголемен бројот на дипломирани во 2017-та во однос на 2016 година Read More »

Сугарески очекува пругата Битола-Кременица да биде изградена во ноември годинава


За половина година се очекува да заврши изградбата на пругата Битола-Кременица со која се овозможува железничко поврзување меѓу Македонија и Грција. Пругата е во должина од 16 километри, а инвестицијата изнесува  17,2 милиони евра, од кои шест милиони евра од ИПА фондовите,  а 11,2  милиони евра  од Буџетот на РМ. – Очекувам до крајот на …

Сугарески очекува пругата Битола-Кременица да биде изградена во ноември годинава Read More »

Протести за „грчкиот карактер на Македонија“ низ повеќе градови во Грција


За 6 јуни во 19.30 часот, организаторите на протестите за „грчкиот карактер на Македонија“, закажаа нови, паралелни демонстрации низ повеќе градови во Грција. Последните случувања во преговорите за името е главниот повод за новите активности, според „Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ што се јавува како организатор. По Солун и Атина, како што …

Протести за „грчкиот карактер на Македонија“ низ повеќе градови во Грција Read More »

Спасовски: Наскоро договор за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија


Процедурата за потпишување договор за заемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија е во завршна фаза, текстот на договорот е усогласен меѓу двете страни и формални пречки за негово потпишување не постојат. Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата преставници на Иницијативниот одбор за признавање на македонските возачки …

Спасовски: Наскоро договор за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија Read More »

Средба Мета-Ахмети: Поддршка за решавање на спорот за името


Шефот на албанската држава Илир Мета денеска во Тирана даде поддршка за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција околу името. Мета денеска во Тирана имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која албанскиот претседател дал поддршка за пронаоѓање конечно решение за спорот. Според албанскиот претседател решавањето на спорот со Грција, ќе го …

Средба Мета-Ахмети: Поддршка за решавање на спорот за името Read More »