ВМРО-ДПМНЕ стравува од избори во пакет со референдумот


Да се врати концептот на преодна влада кој беше договорен во Пржино – во екот на политичката криза во државата. Ова е практично едно од барањата што ги поставува опозицијата како услов за деблокада на изборот на новиот состав на ДИК, покрај измените на Законот за финансирање на партиите. Иако до редовните парламентарни избори има …

ВМРО-ДПМНЕ стравува од избори во пакет со референдумот Read More »

Наследниците на Иванов прво сакаат да скокнат, па да кажат оп


Кандидатите чии имиња се споменуваат како потенцијални наследници на претседателот Ѓорѓе Иванов не сакаат пред време да се истрчаат во јавноста и да ги коментираат првичните сондажи во матичните партии. Во владејачката партија акцентот е ставен на претстојниот самит на НАТО и на есенскиот референдум за името, додека опозициските фаворити чекаат работите да се искристализираат, …

Наследниците на Иванов прво сакаат да скокнат, па да кажат оп Read More »

Што ако на референдумот излезат 49 проценти?


На референдумот за промена на името за интегрирање на земјата во ЕУ и во НАТО излегоа 49 проценти од запишаните гласачи, од кои 90 проценти заокружија „да“, а 10 проценти „не“. Теоретски, во блиска иднина, не е исклучено некоја слична вест како оваа (која е хипотетичка), можеби со малку поразлични проценти, да осамне во медиумите …

Што ако на референдумот излезат 49 проценти? Read More »

Иванов телефонски му честита на Ердоган за победата на претседателските и парламентарните избори во Турција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, вечерва телефонски му ја честита победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посака успешно извршување на претседателската функција. Во телефонскиот разговор, информираат од Кабинетот на Иванов, беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот …

Иванов телефонски му честита на Ердоган за победата на претседателските и парламентарните избори во Турција Read More »

Убедливо водство на Ердоган со преброени 20 проценти од гласовите


Првичните резултати од турските претседателски избори покажуваат убедливо водство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, со 59,9 проценти од гласовите, пред Мухарем Инџе со 25,8 проценти. Досега се преброени малку под 20 проценети од гласовите. Турската Изборна комисија првин ќе ги преброи гласовите од претседателските избори, по што ќе се бројат гласовите од парламентарните избори. Кандидатот …

Убедливо водство на Ердоган со преброени 20 проценти од гласовите Read More »

Анализа: Пред избори се вработуваат службеници, по избори директори


Вкупно 86 проценти од вработувањата во институциите пред изборите се службеници, додека 94 проценти од вработувањата по изборите се директори, покажува истражувањето „Процедурите на вработување во администрацијата на централно и локално ниво по изборите“ на Платформата на граѓански организации за борба против корупција. Според Миша Поповиќ, од Платформа на граѓански организации за борба против корупција, …

Анализа: Пред избори се вработуваат службеници, по избори директори Read More »

Заев не посакува предвремени избори заради доброто на економијата


Во емисијата „Само вистина“ на  Канал 5 телевизија премиерот Зоран Заев прашан дали паралелно со референдумот ќе се организираат и предвремени избори, одговори дека анкетите се на нивна страна и додаде дека не посакува предвремени избори заради доброто на економијата. – Но, тоа не зависи само од мене. Пречести избори се штетни за економијата. Чесно е …

Заев не посакува предвремени избори заради доброто на економијата Read More »

Заев: Предвремени избори би биле изгубено време за Македонија


Враќање на фрустрациите, радикализмот, квазипатриотизмот, нациоанализмот, се последиците од евентуалното отфрлање на договорот со Грција на референдумот што ќе се одржи во Македонија, рече премиерот Зоран Заев во вечерашната дебата на „Топ тема“. – Сето тоа не ни треба. Ние градиме граѓанско, мултиетничко општество. Македонија има перспектива „запишана во катастар со имотен лист“ како секоја …

Заев: Предвремени избори би биле изгубено време за Македонија Read More »

Професионализација на ДИК и нов изборен систем за фер и демократски избори


Одржувањето на најавениот референдум доколку се постигне решение во спорот со името со Грција може да биде проблеметичен со оглед на тоа дека се уште не е формирана Државната изборна комисија. Поставеноста на изборниот систем не гарантира дека претседателските избори што треба да се одржат идната година, но и евентуалните предвремени, би биле слободни, фер …

Професионализација на ДИК и нов изборен систем за фер и демократски избори Read More »

Заев ќе оди на избори само ако му се приближи Мицкоски


Во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема голема возбуда по фрлената ракавица од опозицијата за свикување вонредни парламентарни избори што би се одржале во април идната година, заедно со претседателските. Сметаат дека во моментов се во комотна позиција кога е во прашање партискиот рејтинг, како и на лидерот и премиерот Зоран Заев, поради што фокусот е …

Заев ќе оди на избори само ако му се приближи Мицкоски Read More »

Објавен е огласот за нови привремени членови на ДИК


Оглас за нови членови на Државната изборна комисија (ДИК) за следните шест месеци е објавен денеска во весниците. Ова ќе биде привремен состав на Комисијата, бидејќи до есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое ќе биде опфатен и составот на ДИК. Одлуката за распишување на огласот Собранието вчера ја достави до …

Објавен е огласот за нови привремени членови на ДИК Read More »

Партијата на Јанша победи на изборите во Словенија


Опозициската конзервативна Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша победи на вчерашните предвремени парламентарни избори во Словенија, јави ДПА. Како што соопшти словенечката Државна изборна комисија, според резултатите по преброени „речиси сите гласачки ливчиња“, СДС освоила 25 отсто од гласовите, пред левоцентристичката партија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ), за која гласале 12,7 проценти …

Партијата на Јанша победи на изборите во Словенија Read More »

Мицкоски: Предвремени избори заедно со претседателските


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот митинг пред Владата на Република Македонија побара одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Тој побара еднаков терен за сите политички партии, претседател на ДИК на предлог на опозицијата, формирање техничка влада на 100 дена пред предвремените парламентарни избори, исто како што беше во 2016-тата кога, како што …

Мицкоски: Предвремени избори заедно со претседателските Read More »

Референдумот за името во пакет со избори?


Реконструкцијата на владиниот кабинет и првиот голем митинг на опозицијата, како важни настани што претстојат кон крајот на оваа седмица, според проценките во политички кругови, се увертира во големи политички поместувања во наредните месеци. Епилог на тој процес би бил референдум за името, како „круна“ на договорот што се очекува да го постигнат во наредните …

Референдумот за името во пакет со избори? Read More »

Мицкоски чека предвремени избори


Митингот на опозицијата на 2 јуни ќе значи почеток на падот на владата. Да излеземе на предвремени парламентарни избори и да ја поразиме оваа власт, изјавил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со поддржувачи во Штип. „Како политичка партија – и во минатото, но и во иднина  ќе нудиме решенија за граѓаните, да го подобриме квалитетот …

Мицкоски чека предвремени избори Read More »

По пет месеци пауза, ќе се избира нов состав на ДИК со шест месеци мандат


Влегоа конечно во собраниска процедура измените во Изборниот законик, што треба да овозможат избор на нов состав на Државната изборна комисија, откако кон крајот на декември (или пред околу пет месеци) се испразни ова тело поради скандалот со високите надоместоци за последните изборни циклуси. Со измените, чии предлагачи се координаторите на пратеничките групи на СДСМ, …

По пет месеци пауза, ќе се избира нов состав на ДИК со шест месеци мандат Read More »

Адвокатската комора на Македонија утре ќе избира нов претседател


Адвокатската комора  утре во Струга ќе го одржи 63. Годишно собрание на кое ќе  се изврши избор на нови органи на Комората. Откако ќе биде избран нов Управен одбор на Комората, ќе биде избран и новиот претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски. Како што објавија дел од медиумите, во игра за претседателското место на Адвокатската …

Адвокатската комора на Македонија утре ќе избира нов претседател Read More »

Косовските политички партии утре ќе разговараат за евентуални вонредни избори


Во Приштина утре ќе се одржат разговори меѓу партиите за моментната политичка ситуација и можноста за постигнување договор за одржување вонредни парламентарни избори. Разговорите се иницирани од опозицискиот Демократски сојуз на Косово и на нив се повикани сите политички претставници на сите политички субјекти на власта и опозицијата. Учество на разговорите потврдиле сите поитички партии …

Косовските политички партии утре ќе разговараат за евентуални вонредни избори Read More »

Мило Ѓукановиќ и официјално избран за претседател на Црна Гора


Мило Ѓукановиќ е новиот претседател на Црна Гора, откако освои 180.274 гласа или 53,9 проценти на вчерашните претседателски избори, соопшти денеска црногорската Државната изборна комисија. Според конечните изборни резултат, главниот противкандидат на Ѓукановиќ, Младен Бојаниќ, кого го поддржаа поголемиот дел од опозициските партии, освоил 111.711 гласови или 33,4 отсто. Кандидатката на опозициската Социјалдемокртаска партија Драгиња …

Мило Ѓукановиќ и официјално избран за претседател на Црна Гора Read More »

Демократскиот сојуз и Самоопределување подготвени за предвремени избори


Двете опозициски партии во косовскиот парламент, Демократскиот сојуз на Косово(ЛДК) и Движењето „Самоопределување“ изразија подготвеност за предвремени парламентарни избори. Двете партии најавија дека во текот на неделава ќе почнат со собирање потписи за интерпелација за уривање на владата на премиерот Рамуш Харадинај. Од Демократскиот сојуз на Косово најавувајќи дека официјално ќе почнат со собирање потписи,додаваат …

Демократскиот сојуз и Самоопределување подготвени за предвремени избори Read More »