Населението во Грција за десет години се намалило за 3,5 отсто


Вкупното постојано население на Грција изнесува 10.432.481 жители, за 383.805 помалку жители, односно 3,5 отсто во споредба со 2011 година, согласно привремените резултати од пописот во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на грчката служба за статистика Атанасиос Танопулос, денеска ги презентираше првичните резултати од пописот спроведен од октомври до декември 2021 година, …

Населението во Грција за десет години се намалило за 3,5 отсто Read More »

Падна „крофна-мафијата“ во Грција: За нив евро, за продавачите 50 центи


Грчката полиција успеала да ги уапси сите членови на криминалната организација позната како „крофна-мафија“, која дејствувала на плажите на Халкидики, пренесе Макфакс. Уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, заедно со водачот на групата, 39-годишен Грк, јавуваат грчките медиуми. Тие се уапсени за кривични дела злосторничка организација, изнуда, трговија со луѓе, …

Падна „крофна-мафијата“ во Грција: За нив евро, за продавачите 50 центи Read More »

Се урна хеликоптер во близина на грчкиот остров Самос


Хеликоптер, кој веројатно учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, јави дописничката на МИА од Атина. Според првичните информации станува збор за изнајмен хеликоптер од типот Ми-8  со тројца или четворица членови на екипажот. Веќе е започната спасувачка акција за пронаоѓање на членовите на екипажот. 

Четврти ден се трага по последниот исчезнат Македонец на Халкидики ќе биде вклучен и подводен дрон


Рано утринава со првото дневно светло продолжи потрагата по последниот македонски турист кој се води како исчезнат од саботата, кога брановите го однесоа на плажата „Мити“ во Посеиди на Халкидики, објавува грчкиот портал „Иефимерида“. Веќе четврти ден напорите се насочени кон пронаоѓање на Мартин. Во Грција пристигна и неговото семејство со цел да ја следи …

Четврти ден се трага по последниот исчезнат Македонец на Халкидики ќе биде вклучен и подводен дрон Read More »

Ни трага, ни глас од третиот исчезнат Македонец во морето во Грција


Продолжува и денеска спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин, во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели, јави дописничката на МИА од Атина. Вчерашната акција, во вода, од воздух и на копно, на грчката крајбрежна служба, на военото воздухопловство, на спасувачки тимови и волонтери во …

Ни трага, ни глас од третиот исчезнат Македонец во морето во Грција Read More »

Спасувачка акција во Грција по Македонци кои исчезнале во морето


Спасувачка акција е во тек на Халкидики, Грција каде што се трага по двајца македонски државјани, пренесува грчката телевизија „Скај“. Инцидентот се случил во областа Посеиди, каде што според првичните информации, биле исчезнати тројца, но едниот веќе бил најден, додека по останатите двајца се трага. Бродовите од пристаништето на Неа Скиони се упатуваат кон морето. …

Спасувачка акција во Грција по Македонци кои исчезнале во морето Read More »

Годишната инфлација во Грција 12,1 отсто  


Годишната инфлација во Грција во месец јуни со 12,1 отсто бележи нов рекорд со оглед на тоа дека е највисока во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Грчката служба за статистиката, за една година, од јуни 2021 година, до јуни годинава, најголемо зголемување на цените има кај …

Годишната инфлација во Грција 12,1 отсто   Read More »

Над 30.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на …

Над 30.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција Read More »

Активни два големи шумски пожари во Грција, евакуирани села и хотел


Над 200 пожарникари во текот на ноќта се бореа со огнените јазици на две различни локации, во централна Грција и на Пелопонез, по пожарите што избувнаа вчера и се сè уште активни, а превентивно беа евакуирани села, како и еден хотел, јави дописничката на МИА од Атина. Битката со огнената стихија продолжува и утрово, пожарите …

Активни два големи шумски пожари во Грција, евакуирани села и хотел Read More »

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција


  Грција– Зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови, зголемување на бројот на реинфекции, но и зголемување на бројот на хоспитализации се регистрирани во Грција во изминатиот период согласно податоците од  Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот и потпретседателот на ЕОДИ, Теоклис Заутис и Димитрис …

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција Read More »

Грција доставила официјално барање до САД за набавка на Ф-35


Грција потпиша и испрати барање до САД за набавка на американски Ф-35, што е прв чекор од долгиот и планиран процес, брифирале грчки владини извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите во медиумите во Грција земјата планира да набави 20 авиони во првата фаза, со можност за уште …

Грција доставила официјално барање до САД за набавка на Ф-35 Read More »

Над 20.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција


По речиси три месеци, во Грција повторно се регистрирани над 20.000 нови случаи на Ковид-19, односно вкупно 20.084 новозаразени и 3.664 реинфекции, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во последното деноноќие починале 16 лица, а 95 пациенти се приклучени на апарати на одделите за …

Над 20.000 нови случаи на Ковид-19 во Грција Read More »

Лицата над 30 години во Грција можат да примат четврта доза од вакцината против Ковид-19


Грција – Граѓаните во Грција на возраст од 30 до 59 години, од денеска, доколку сакаат, можат да закажат термин за вакцинација со четврта доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Вакцинацијата не е задолжителна, а според Националната комисија за имунизација иако „не постојат доволни научни податоци за дополнителната придобивка што …

Лицата над 30 години во Грција можат да примат четврта доза од вакцината против Ковид-19 Read More »

Плеврис: Летниот бран на Ковид-19 нема да изврши притисок врз здравствениот систем


Летниот бран на Ковид-19 ќе биде бран што ќе донесе зголемувања и намалувања на случаите, но нема да постои притисок врз здравствениот систем, вели министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ и додава дека пораст на новозаразени има во сите европски земји, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис …

Плеврис: Летниот бран на Ковид-19 нема да изврши притисок врз здравствениот систем Read More »

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата и сојузничка солидарност


Грција– Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека …

Столтенберг: Грција и Турција да ги решат разликите во духот на довербата и сојузничка солидарност Read More »

Втор случај на мајмунски сипаници во Грција


Во Грција е потврден вториот случај на мајмунски сипаници кај 47- годишен маж кој неодамна патувал во Шпанија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), соопштија дека станува збор за втор увезен случај на болеста во земјата, а мажот е хоспитализиран и е во стабилна состојба. Објаснуваат …

Втор случај на мајмунски сипаници во Грција Read More »

Грчката полиција уапси маж кој имал над 2,5 милиони фајлови со детска порнографија


 Во северна Грција е уапсен маж кај кого биле откриени најмалку 2,5 милиони слики и видеа со детска порнографија, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека Секторот за борба со сајбер криминал добил информации преку Европол по операцијата на „Darknet“ спроведена од француските власти на почетокот на минатата година, по што …

Грчката полиција уапси маж кој имал над 2,5 милиони фајлови со детска порнографија Read More »

Ердоган на грчки ја предупреди Грција, Иконому му порача дека грчкиот е јазик на логиката, а Ципрас му одговори на турски јазик


Грција – Пораките и предупредувањата кои во изминатите денови ги испраќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, доцна синоќа, одлучи да ги повтори, но на грчки јазик, преку неговиот официјален „Твитер“ профил, за да ја предупреди Грција „да се вразуми“, на што портпаролот на грчката Влада му порача дека грчкиот е јазик на логиката, слободата и …

Ердоган на грчки ја предупреди Грција, Иконому му порача дека грчкиот е јазик на логиката, а Ципрас му одговори на турски јазик Read More »

Инфлацијата во Грција не запира, во мај се искачи на 11,3 отсто 


Годишната инфлација во Грција бележи нов скок и од 10,2 отсто во април, достигна 11,3 проценти во месец мај што е нов, негативен рекорд за земјата во изминатите најмалку 25 години, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од грчката служба за статистиката, за една година, од мај 2021 година, до мај годинава, …

Инфлацијата во Грција не запира, во мај се искачи на 11,3 отсто  Read More »

Прв случај на мајмунски сипаници во Грција


Во Грција е потврден првиот случај на мајмунски сипаници и станува збор за маж кој неодамна патувал во Португалија и има клинички симптоми компатибилни со болеста, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), вечерва соопштија дека мажот е хоспитализиран во атинска болница и е во стабилна состојба. …

Прв случај на мајмунски сипаници во Грција Read More »