Ангеловска-Бежоска: Преку вклучување на жените до економски раст повисок за 30 отсто


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Жени лидери“ којашто ја отвори претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) во Љубљана, Словенија. Како што информира Народна банка, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека поголемата вклученост на жените во работната сила може да придонесе за побрз и поинклузивен економски раст. – …

Ангеловска-Бежоска: Преку вклучување на жените до економски раст повисок за 30 отсто Read More »

Ангеловска-Бежоска: Кризите во изминативе неколку години ја забавија конвергенцијата


По глобалната финансиска криза, процесот на доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан забавува. Кај нас од 2009 година наваму, нивото на конвергенција е повисоко за 8 п.п., темпо коешто пред глобалната финансиска криза е постигнато за само седум години. Ова упатува на речиси двојно побавна конвергенција, иако е малку побрза од просечната во регионот. …

Ангеловска-Бежоска: Кризите во изминативе неколку години ја забавија конвергенцијата Read More »

Ангеловска-Бежоска на „Преспа форум за дијалог“: Потребни се важни структурни реформи


„Доходот на регионот на Западен Балкан во однос на европскиот просек е само околу 40%, што покажува дека не растеме доволно брзо за да ја намалиме разликата со земјите од ЕУ. За да растеме побрзо и на поинклузивен начин, мораме да го подигнеме потенцијалот за раст, за што се потребни важни структурни реформи со кои …

Ангеловска-Бежоска на „Преспа форум за дијалог“: Потребни се важни структурни реформи Read More »

Ангеловска-Бежоска: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот


  Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап …

Ангеловска-Бежоска: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот Read More »

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата


  „Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, …

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата Read More »

Граѓанската обврзница нема да има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор, вели Ангеловска-Бежоска


Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска не очекува дека издавањето на граѓанската обврзница што ја најави Министерството за финансии ќе има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор.  – Со оглед на најавата дека станува збор за издавање на обврзница во износ од 50 милиони евра во денарска противвредност сепак тоа е исклучително мал износ во споредба …

Граѓанската обврзница нема да има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор, вели Ангеловска-Бежоска Read More »

Ангеловска-Бежоска: Ја одржуваме стабилноста на денарот, а со тоа и стабилноста на економијата


  На денешен ден, 26 април, пред 31 година, беше завршен процесот на осамостојување на нашата држава, преку обезбедувањето на монетарната самостојност и воведувањето на националната валута ‒ денарот. Иако не е јубилејна година, предизвиците коишто дојдоа од глобалното окружување се добар повод за да се потсетиме на патот што го изодевме за да ја …

Ангеловска-Бежоска: Ја одржуваме стабилноста на денарот, а со тоа и стабилноста на економијата Read More »

Ангеловска-Бежоска: НБ останува посветена на обезбедувањето среднорочна ценовна стабилност


Народната банка (НБ) останува посветена на исполнувањето на својата основна цел, односно обезбедувањето среднорочна ценовна стабилност. За таа намена, централната банка будно ја следи ситуацијата и ги презема сите потребни мерки за враќање на стапките на инфлација на 2 отсто,  на среден рок порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Пролетните средби …

Ангеловска-Бежоска: НБ останува посветена на обезбедувањето среднорочна ценовна стабилност Read More »

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за светската економија


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами. Предвидено е делегацијата …

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за светската економија Read More »

Бесими и Ангеловска-Бежоска во САД на Пролетните средби на Светската банка и ММФ


Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до сабота ќе престојува во работна посета на САД, каде ќе оствари средби со високи претставници во седиштето на ОН, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Од Министерството за финансии информираат дека тој ќе оствари средби со заменик-генералниот секретар на ОН Амина Мохамед и регионалниот директор за Европа …

Бесими и Ангеловска-Бежоска во САД на Пролетните средби на Светската банка и ММФ Read More »

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на девизниот курс е сидро на ценовната и финансиската стабилност


Стабилноста на курсот на денарот и во текот на последната криза се покажа како сидро на стабилноста во домашната економија. Стратегијата на фиксен девизен курс спречи поголеми инфлациски притисоци, а придонесува и кон одржување на финансиската стабилност со оглед на релативно високата евроизација во кредитното портфолио на банкарскиот систем, порача гувернерката на Народната банка (НБ), …

Ангеловска-Бежоска: Стабилноста на девизниот курс е сидро на ценовната и финансиската стабилност Read More »

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата


  Според емпириските истражувања, поголемата вклученост на жените во економијата значи повисок економски раст. Кај развиените економии, вклученоста на жените може да го забрза растот за 10%, додека кај помалку развиените, дури за 30%. Сепак, широкиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд, според вклученоста и валоризацијата, сѐ уште е глобален проблем, кој …

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата Read More »

Ангеловска-Бежоска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на корисниците на банкарски услуги


  „Задолжително информирање на потрошувачот за условите под кои ги користи платежните услуги, како и информирање за надоместоците за најчесто користените услуги на платежната сметка ‒ со новата законска рамка се зајакнува заштитата на корисниците на платежните услуги во земјава“, вели во интервју за „Марили“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и посочува дека Народната …

Ангеловска-Бежоска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на корисниците на банкарски услуги Read More »

Ангеловска-Бежоска: Нецелосното искористување на потенцијалот на жените е загуба за целата економија


„Општествата со поголема родова еднаквост се сметаат за посигурни, поздрави, со помалку насилство и поголема кохезија. Но, исто така поголемата интеграција носи и голем број економски придобивки, не само за жените, туку и за целото општество.“ Ова го истакна Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка, на Меѓународниот форум за женско лидерство „Жените пишуваат историја“, организиран …

Ангеловска-Бежоска: Нецелосното искористување на потенцијалот на жените е загуба за целата економија Read More »

Ангеловска-Бежоска на конференција на ЕИБ: Новата стратегија на ЕУ „Глобална порта“ ‒ можност за повисоки инвестиции во Западен Балкан


 Економиите од регионот на Западен Балкан сѐ уште се на пониско ниво на реална конвергенција и имаат потреба од побрзи стапки на раст и модел што ќе се заснова на поголем обем и квалитет на инвестициите, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на форумот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) „Приспособување на светот …

Ангеловска-Бежоска на конференција на ЕИБ: Новата стратегија на ЕУ „Глобална порта“ ‒ можност за повисоки инвестиции во Западен Балкан Read More »

Ангеловска-Бежоска: Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици


Тековните геополитички случувања може да имаат долгорочни последици врз глобализацијата, а тоа неповолно да се одрази особено на помалку развиените економии, истакна гувернерката  Анита Ангеловска-Бежоска која ги водеше дискусиите на панелот „Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици“ на конференцијата на високо ниво „Макроекономски предизвици во свет со геополитички тензии, висока инфлација и нееднаквост“, во организација на централната банка на Холандија. …

Ангеловска-Бежоска: Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици Read More »

Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава


  Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, …

Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава Read More »

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата годинава 8 до 9 проценти, структурните реформи се клучен двигател на растот


  Народната банка очекува инфлацијата годинава да се стабилизира, да забави и да изнесува 8 до 9 проценти. Како што рече гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во овие услови на криза фокусот е ставен врз макроекономските политики, но клучниот двигател на растот се структурните реформи. Ангеловска-Бежоска, која учествуваше на конференцијата „Предизвици на економските политики во 2023 година“, напомена …

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата годинава 8 до 9 проценти, структурните реформи се клучен двигател на растот Read More »

Ангеловска-Бежоска очекува дефицитот на тековната сметка на среден рок да се намали на околу 3 отсто од БДП


  „Минатата година дефицитот на тековната сметка на платниот биланс, според октомвриските проекции, се проценува на околу 7% од бруто домашниот производ (БДП), а на среден рок се очекува постепено намалување на околу 3% од БДП во просек. Зголемувањето на надворешно-трговскиот дефицит минатата година, доминантно како резултат на растот на цената на енергентите, влијаеше на …

Ангеловска-Бежоска очекува дефицитот на тековната сметка на среден рок да се намали на околу 3 отсто од БДП Read More »

Ангеловска-Бежоска: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност


  Централните банки мора да останат доследни на својата задача и да обезбедат среднорочна ценовна стабилност, а со тоа и макроекономска стабилност, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. Таа посочи дека проекциите на меѓународните финансиски институции во …

Ангеловска-Бежоска: Приоритет на централните банки е обезбедување среднорочна ценовна стабилност Read More »