ЗНМ ја поздрави одлуката за затворска казна за напаѓачот на новинарите на А1он


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основен суд Скопје 1, со која напаѓачот на новинарската екипа на А1он, лани на протестите на движењето „За заедничка Македонија“, Матија Каников, го осуди со шест месеци затвор. – Оваа пресуда на судијата Марија Клетничка-Марковска од Кривичниот суд е прва со која напаѓач на новинар …

ЗНМ ја поздрави одлуката за затворска казна за напаѓачот на новинарите на А1он Read More »

Груевски бара одложување, Апелација се мисли


И на вториот ден од закажаната јавна расправа во Апелицискиот суд за случајот „Тенк“, отсуствуваат адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој се појави во судот. Сите четворица негови адвокати писмено го известија судот дека не можат да присуствуваат на расправата, затоа што се ангажирани во други предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство. Апелацискиот суд …

Груевски бара одложување, Апелација се мисли Read More »

Турски суд ослободи двајца грчки војници


Турски суд нареди ослободување на двајцата грчки војници уапсени во март на границата, во очекување на нивното судење, јави Анадолија. Двајцата војници беа уапсени во март откако ја преминаа границата меѓу двете земји и влегоа, како што наведоа, ненамерно во „забранета воена зона”. Турското обвинителство наведе дека тие се обиделе да  шпионираат. Случајот ги засили …

Турски суд ослободи двајца грчки војници Read More »

СОНК се жали на селективни постапки на судии за наставници


Околу 1.700 наставници, чии договори истекуваат до крајот на август, чекаат да им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време. Во исто време, преку канцеларијата на адвокатот Ванчо Шехтански се водат 120 судски постапки, тужби, по основ на трансформација, бидејќи по истекот на  договорите, вработени во основното и средното образование но и во …

СОНК се жали на селективни постапки на судии за наставници Read More »

Германија одреди доживотен затвор за двајца југословенски разузнавачи


Врховниот суд на Гермнаија со седиште во Карлсруе ги потврди казните доживотен затвор за Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, поранешни припадници на хрватската и на југословенската тајна служба. ХРТ, повикувајќи се на свои извори, јави дека одлуката за ревизија на постапката е со датум од 2 мај, а датумот за испраќање е денешен. На 3 …

Германија одреди доживотен затвор за двајца југословенски разузнавачи Read More »

Судот му го укина куќниот притвор на Едмонд Темелко


Кривичниот совет му го укина куќниот притвор на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко кој е обвинет во случајот на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“. Судот го прифатил предлогот на одбраната за укинување на мерката куќен притвор, а за ова Темелко понудил гаранција во недвижен имот. „По правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на …

Судот му го укина куќниот притвор на Едмонд Темелко Read More »

Ѓорчев: Не го видов напаѓачот на Села


Во Кривичниот суд денеска на рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села од 27 април минатата година сведок по предлог на одбраната беше пратеникот Влатко Ѓорчев. Пред судот Ѓорчев зборуваше за случувањата од 27 април, како влегол во прес-салата и кога ги видел раскрвавените пратеници решил да застане пред нив и да ги …

Ѓорчев: Не го видов напаѓачот на Села Read More »

Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април


Ново рочиште за случајот „Тенк“ што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра е закажано за 25 април, кога ќе се чита наодот од двајца вештаци, а ќе се продолжи и со други докази. Судијката Добрила Кацарска рече дека двајцата сведоци Дејан Митревски – Урко и Зоран Василевски кои денеска не дојдоа во Судот може да ги …

Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април Read More »

Вработени во МВР сведочат во „Тенк“, Урко не дојде на рочиштето


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за „Тенк“ исказ даваат осуммина сведоци вработени во Министерството за внатрешни работи. Во Судот иако беше најавен не дојде да сведочи Дејан Митревски – Урко, кој беше еден период шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски. Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во …

Вработени во МВР сведочат во „Тенк“, Урко не дојде на рочиштето Read More »

На Јанкулоска за „Тенк“ ќе и се суди во одвоена постапка


Кривичниот суд денеска донесе одлука да ја раздвои постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Јанкулоска не дојде на денешното рочиште за „Тенк“, за што одбраната до Судот достави лекарска потврда, во која е наведено дека …

На Јанкулоска за „Тенк“ ќе и се суди во одвоена постапка Read More »

Прекинато рочиштето за Зијадин Села: Обвинет се онесвести во судница


Никола Војминовски , обвинет за обид за убиство врз пратеникот Зијадин Села, се онесвести за време на судското рочиште. Денешното рочитште беше прекинато поради овој настан, а во исто време беше повикана Брза помош. Војминовски е обвинет во случај позврзан со настаните од 27 април, односно за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Откако тој …

Прекинато рочиштето за Зијадин Села: Обвинет се онесвести во судница Read More »

Судот ветува брза вистина за „Монструм“


„Судија, веќе не можеме да издржиме. Ова е агонија која нема крај“, повикаа родителите на убиените момчиња кај Смилковско Езеро откако во скопскиот Кривичен суд повторно беше одложено рочиштето за случајот „Монструм“. Адвокатот Насер Рауфи донесе потврда дека неговиот клиент Фејзи Азири бил примен на Одделението за пулмологија во скопскиот Клинички центар, што ја налути …

Судот ветува брза вистина за „Монструм“ Read More »

Груевски: Вакви монтирани судења не се паметат од почетокот на 20-иот век


Екс премиерот Никола Груевски и денеска беше на судење наместо на интерпелација. Груевски мораше да се појави на судското рочиште Тенк, бидејќи судот одби тој денеска да биде слободен. “Ова политичка судска хајка конкурира за најголема политичка судска хајка. Вакви монтирани и политички судења не се паметат од почетокот на 20-иот век, ни во турско, …

Груевски: Вакви монтирани судења не се паметат од почетокот на 20-иот век Read More »

Судот го одби барањето на одбраната за целосно читање на содржината на доказите во случајот „Тенк“


Судот го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување на доказите од одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, кои се обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ …

Судот го одби барањето на одбраната за целосно читање на содржината на доказите во случајот „Тенк“ Read More »

Потврден притворот за Чавков


Скопска Апелација го потврди решението на Кривичниот суд со кое поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков останува во притвор, потврдија за МИА од Судот. Оттаму посочија дека е отфрлено и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи тоа било некомплетно. Чавков заедно со уште четири лица беа вратени во …

Потврден притворот за Чавков Read More »

Груевски: Ме држат секој ден во судот за да не бидам во парламентот


Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО. – За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се …

Груевски: Ме држат секој ден во судот за да не бидам во парламентот Read More »

Сослушан сведок за „мерцедесот“


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот на СЈО „Тенк“ сведочеше вработен во Агенцијата за разузнавање, кој во 2012 година бил државен советник за управување со човечки ресурси во кабинетот на министерот за внатрешни работи. Тој побара јавноста да биде исклучена од рочиштето зашто, како што рече, работел во Агенцијата за разузнавање и оти може да …

Сослушан сведок за „мерцедесот“ Read More »

Заев денеска на обвинителна клупа за „Поткуп“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето. Заев во случајот „Поткуп“ …

Заев денеска на обвинителна клупа за „Поткуп“ Read More »

Уште еден обвините во случајот во „Насилство во Центар“ седнува на обвинителна клупа


Судското рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката, денеска треба да се одржи во Кривичниот суд. Минатото рочиште беше одложено, бидејќи се уште не било готово вештачењето што го побарал Судот. Крстев се уште нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин. Во …

Уште еден обвините во случајот во „Насилство во Центар“ седнува на обвинителна клупа Read More »

Една година условна казна за неврохирургот Чапаровски


Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ Александар Чапаровски денеска на првото судско рочиште призна вина и доби условна казна од една година, која нема да се изврши доколку во следниве две години не стори ново кривично дело. Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. При извршениот …

Една година условна казна за неврохирургот Чапаровски Read More »