Собранието ги избра 16. заменик-министри во Владата


Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието синоќа ги избра 16. заменик-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски. За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки. Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан …

Собранието ги избра 16. заменик-министри во Владата Read More »

Собранието прифати законот за минимална плата да оди по скратена постапка


  Собранието денеска едногласно со 101 глас „за“ го прифати предлогот на Владата по скратена постапка да бидат донесени измените на Законот за минимална плата. Предлог-измените, кои се резултат на договорот постигнат на Економско-социјалниот совет за зголемување на минималната плата и за новата методологија за усогласување на минималецот, треба да биде разгледани на матичната собраниска …

Собранието прифати законот за минимална плата да оди по скратена постапка Read More »

Собранието од една влезе во друга блокада


  Владејачкото мнозинство го зголеми бројот на пратениците, но во исто време стана малцинство во голем број собраниски комисии. Тоа е резултат на преминувањето на изборниот партнер на СДСМ, Беса, во опозиција. Беса сега има само два пратеника  во Собранието, но тие два пратеника го прават мнозинството на опозицијата во една третина од комисиите, без …

Собранието од една влезе во друга блокада Read More »

Седници на пет собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и Комисијата за култура. Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка во туризмот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово е единствена точка на дневен …

Седници на пет собраниски комисии Read More »

Во Црна Гора разрешен и претседателот на собранието


  Црногорскиот парламент го разреши досегашниот претседател Алекса Бечиќ кој го извршуваше таа функција 17 месеци. За разрешување гласаа 43 присутни пратеници (коалицијата „Црно-бело“ и опозицијата), 36 беа против (Демократи, Демос, ДФ, ПзП, СНП, Вистинска Црна Гора, Обединета Црна Гора и Работничка партија). За време на барањето, самиот Бечиќ изјави дека не сака да се …

Во Црна Гора разрешен и претседателот на собранието Read More »

Кацарска бара од Џафери Собранието да избере нови четворица уставни судии


Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое изразува загриженост за состојбата со намалениот број на судии и бара Џафери да го заложи својот авторитет и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии во најскоро време. Кацарска, во писмото до Џафери, посочува дека Уставот …

Кацарска бара од Џафери Собранието да избере нови четворица уставни судии Read More »

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници, на кои ќе бидат разгледани повеќе закони со европско знаменце, меѓу кои и Предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во прво читање. …

Седници на четири собраниски комисии Read More »

Ванхојте: Идејата за една изборна единица не е добра


  Белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во процесот на преговори за Договорот од Пржино и добро ја познава работата на македонскиот парламент, е против идејата да се смени изборниот модел и Македонија да стане една изборна единица.  „Иницијативата за една изборна единица не е добра, бидејќи ќе завршите со мнозинство пратеници од Скопје. …

Ванхојте: Идејата за една изборна единица не е добра Read More »

Османи: Хистерија се обвинувањата дека спорот со Бугарија го решаваме зад грбот на јавноста


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги нарече хистерија обвинувањата дека за важно прашање како што се преговорите со Бугарија се можни ад хок решенија и оти некој може сам, преку ноќ, зад завесите, без знаење на граѓаните да донесе каква било одлука или договор на штета на нашите државни позиции.  „Нашиот тим целосно …

Османи: Хистерија се обвинувањата дека спорот со Бугарија го решаваме зад грбот на јавноста Read More »

Османи: Сè што ќе се договори со Бугарија ќе оди во Собранието


Несериозно е прашањето за договорите со Бугарија кое е важно за граѓаните да се условува со дневно политичко прашање како предвремени избори, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Мислам дека би било несериозно едно вакво прашање важно за граѓаните да се условува со некакво дневно политичко прашање и некаков партиски интерес. Мислам дека би …

Османи: Сè што ќе се договори со Бугарија ќе оди во Собранието Read More »

Барањето за укинување на „пржинската влада“ прво на превод, а потоа пред пратениците


Пред усвојување на дневниот ред на денешната 61-та седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дополнување на дневниот ред со предлог-закон за изменување на законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка. -Врз основа на член 71, став 1 од Уставот на Република Македонија и членовите 132, 137 и …

Барањето за укинување на „пржинската влада“ прво на превод, а потоа пред пратениците Read More »

Верификувани мандатите на новите пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска


Собранието денеска на 61-та седница ги верификуваше мандатите на новите пратенички, Санела Шкриељ и Марија Кочовска. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега ја извршува функцијата министер за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска-Стојчевска, која е министерка за култура. Вкупно гласаа 90 пратеници, од кои 89 гласаа „за“, еден воздржан и ниту …

Верификувани мандатите на новите пратенички Санела Шкриељ и Марија Кочовска Read More »

Собранието треба да ја одржи 61. седница


Собранието денеска треба да ја одржи 61-та седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ). Во рамки на седницата пратениците треба да расправаат и …

Собранието треба да ја одржи 61. седница Read More »

Османи в петок на седница на собраниската Комисија за надворешна политика


Министерот за надворешни работи Бујар Османи в петок на 28 јануари ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, информираат од МНР. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски, претходно денеска информира дека преку писмо побарале од шефот на дипломатијата да дојде на седница на собраниската …

Османи в петок на седница на собраниската Комисија за надворешна политика Read More »

Денеска Македонија добива нова влада


Пратениците денеска напладне ќе ја продолжат 60-та седница со единствената точка на дневен ред – избор на новата влада. Мандатарот Димитар Ковачевски пред пратениците вчера ја презентираше програмата за работа на новата влада, која ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Фокусот на новата влада, како …

Денеска Македонија добива нова влада Read More »

Во Собранието заврши расправата за избор на новата влада, седницата продолжува утре напладне


Во Собранието вечерва заврши расправата за избор на новата влада. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува, а од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања. Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре во 12 …

Во Собранието заврши расправата за избор на новата влада, седницата продолжува утре напладне Read More »

Ковачевски: Клучна цел ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст, приоритет заштита на стандардот


Мандатарот за нов премиер Димитар Ковачевски во воведнот експозе пред пратениците во Собранието истакна дека клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со забрзување на стапките на економски раст на среден рок од 2,5 отсто, на 5 отсто просечен раст, притоа …

Ковачевски: Клучна цел ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст, приоритет заштита на стандардот Read More »

Пратениците бираат нова влада, кој е кој во тимот на Ковачевски


Во Собранието денеска во 11 часот треба да почне 60-та седница, со единствена точка на дневен ред Избор на Влада на Република Северна Македонија. Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден …

Пратениците бираат нова влада, кој е кој во тимот на Ковачевски Read More »

Малите партии бараат во најкус рок пленарна седница за измените на Изборниот законик


Малите политички партии бараат во најкус можен рок да се закаже пленарна седница и да почне расправата за измените на Изборниот законик. Доставиле и писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Бараат една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг. Во писмото упатено до претседателот на Собранието потсетуваат дека Предлог-законот за измени на Изборниот законик …

Малите партии бараат во најкус рок пленарна седница за измените на Изборниот законик Read More »

Џафери очекува влада на 15 и 16 јануари


Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува изборот на новата влада да се случи на 15 и 15 јануари и од следниот ден таа да стане функционална. Џафери тоа го соопшти на брифинг со новинарите. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пак мисли дека тоа ќе се случи за некој ден подоцна. Синоќа, по состанокот на Централниот …

Џафери очекува влада на 15 и 16 јануари Read More »