Протестот во Скопје проследен и во грчките медиуми


„Ние сме Македонија: нов протест во Скопје“, „Не за контакти со Атина, рекоа илјадници демонстранти во Скопје“, „ПЈРМ: Собир во Скопје против промена на името на земјата“, „Нов протест за името Македонија“, „Голем протест во Скопје против промена на името“, „Голем протест во Скопје со слоганот: Ние сме Македонци“, се само дел од насловите во […]

Приведени две лица за случајот со избодениот малолетник на Рекорд


Полицијата ги идентификува тројцата учесници во инцидентот кои на 1 март на автобуската постојка Рекорд во центарот на Скопје му нанесоа убодна рана на З.Т.(17) од Скопје. Како што информира директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски на денешната прес-конференција, утрово се приведени две од трите лица кои се учесници во настанот, а во […]

САД се заинтересирани да успеат дипломатските активности меѓу Скопје и Атина


САД се заинтересирани да успеат дипломатските активности меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името. Ова е ставот на американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат искажан на Економскиот форум во Делфи, Грција, на кој поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани беше многу поскептична. Таа рече дека се плаши оти ова е само […]

Од стан во Скопје украдени златен накит и часовници


Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во станот на Л.Ј.(62) од Скопје при што одзел поголема количина златен накит, два рачни женски часовници Касио и неколку комплети женски накит Сваровски, по што го напуштил местото на настанот. МВР информира дека сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 947.500 денари. Тој со употреба на подесен […]

(ВИДЕО) 3Д-концерт на „Крафтверк“: Роботите два часа го возеа Скопје кон иднината


Електропионерите од бендот „Крафтверк“ вчеравечер во салата „Борис Трајковски“ ја стопираа сегашноста и цели два часа „возеа“ во правец кон иднината. Четворицата господа преводени од Ралф Хатер, како еден од основачите и најстар член на составот, на сцената се појавија точни како швајцарски часовници во 20:30 и со германска одговорност го одработија ветеното. Членовите на […]

Пет сообраќајки во Скопје, едно лице тешко повредено


Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно пет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во една со телесни повреди се здобил еден возач, а во три била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Десет возачи се […]

Неколку илјади граѓани протестираа за одбрана на уставното име на Македонија


Неколку илјади граѓани протестираа вечерва од Мисијата на ЕУ во Скопје, па се до Собранието за одбрана на уставното име на Македонија и за прекин на преговорите за името со Грција. „Бараме итен крај на разговорите за името на државата. Отфрламе референдум за името. Ја повикуваме власта да се откаже од намерата за промена на името, ја охрабруваме опозицијата да ги одбрани името и идентитетот […]

Во Скопје ќе се одржи првиот салон на занаетчиско пиво


Домашна пивска сцена? Да. Toa се оние луѓе кои произведуваат пиво во домашни услови, во кујна, гаража, креативни – секој на свој начин, со многу љубов и почит кон овој древен, корисен и здрав пијалак неправедно деградиран од општеството, што си го бара своето место под сонцето. Вака порталот sakampivo.mk го најавува првиот Пивски салон […]

(ВИДЕО/ФОТО) Снежното време ги радува граѓаните, но им го отежнува и движењето


Снегот во текот на денешниот ден не престана да паѓа, а дел од граѓаните му се радуваат, други пак се жалат поради потешкотиите во движењето. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите сообраќајни правци во државата врне снег и има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. Поради појава […]

„Александар Велики“ си заминува од аеродромот


Почна отстранувањето на буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аередром „Александар Велики“. Од операторот на аеродромот турскиот конзорциум ТАВ нема информации што ќе стои на местото на досегашните букви, ниту пак дали ќе се отстранува и споменикот на Александар што  стои во одделот за пристигнување на патници. Владата на 4 февруари донесе одлука да […]

Скопјанец украл „Ауди 6“


Скопјанец заработи кривична пријава поради кражба на „Ауди 6“. Како што соопшти полицијата, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 15 јануари оваа година околу 15:00 часот на ул. „Ѓорче Петров“, пријавениот одзел патничко моторно возило „Ауди […]

Скопјанец пронајден мртов во својот дом


Од МВР известуваат дека во Скопје вчера во 16 часот бил пронајден починат Ж.М. (67) во куќата во која живеел. Телото било пронајдено од страна на неговиот брат. Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Коѕиас повторно во Скопје до почетокот на март


Шефот на грчката диломатија Никос Коѕиас повторно доаѓа во Скопје, но не неделава, како што најавуваат грчките медиуми, туку до крајот на овој месец или почетокот на март, за МИА информираат од македонското МНР. Како причина за пролонгирањето на посетата на Скопје се наведуваат згуснатите и веќе претходно договорени агенди на двајцата министри, Никола Димитров […]

Пешак е тешко повреден во сообраќајка во Скопје


Пешак е тешко повреден, а 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од вкупно 24 сообраќајни несреќи регистрирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Четиринаесет сообраќајки се со евидентирани материјална штета. Сообраќајната полиција санкционирала учесници во сообраќај по разни основи, од кои 81 за пречекорување на дозволената брзина, а исклучиле од […]

(ФОТО) Пролетно време во Скопје, зимата никако да дојде


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот ќе биде потопло, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено на планините. Утринската температура ќе се движи од минус два до нулата, а дневната од осум до 16 степени. Во Скопје […]

Земјотрес во Скопје


Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Скопје и околината. Земјотресот е регистриран во 15 часот и 43 минути и потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот е на само неколку километри источно од централното градско подрачје, со локална Рихтерова […]

Почина Кавадарчанец кој во бесознание бил пронајден кај олимпискиот базен во Скопје


Шеесет и шестгодишниот В.А. од Кавадарци кој вчера бил пронајден во бесознание во близина на олимпискиот базен во Скопје, по што со Итна медицинска помош бил донесен во Ургентниот центар, починал и покрај сите обиди за реанимација. МВР информира дека телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Автопатот Скопје-Блаце ќе поче да се гради во 2019 година


Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот „Изградба на автопат Скопје-Блаце“. Со проекција треба да започнат во втората половина на 2019 година и да бидат завршени до крајот на 2022 година. Делницата според проекциите треба да биде долга 12 километри. За […]

Скопје повторно загадено


Загадувањето на воздухот и утринава над дозволеното. Граѓаните на Скопје повторно се гуши во канцерогените пм 10 честички, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост над нормалата. Мерните станици во Лисиче и Ректорат бележат високо ниво на загаденост. Градот Скопје веќе подолго време е на листата на најзагадени градови во светот.

Општина Центар: Нема да се градат Шпанските скали


Градиначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го поништи и го прогласи за ништовно издаденото оддобрени на „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објекти за комерцијални и деловни намени во централното градско подрачје, информираат од Општина Центар. Надлежните во општината констатирале, дека инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението, колку што пропишува Законот за […]