Пешак е тешко повреден во сообраќајка во Скопје


Пешак е тешко повреден, а 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од вкупно 24 сообраќајни несреќи регистрирани изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Четиринаесет сообраќајки се со евидентирани материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала учесници во сообраќај по разни основи, од кои 81 за пречекорување на дозволената брзина, а исклучиле од сообраќај 53 од кои 13 возеле под дејство на алкохол, 34 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи почетници. Од сообраќај се исклучени 26 возила, три технички неисправни, а 23 нерегистрирани. Изречени се 190 мерки за непрописно паркирање, а со помош на специјалното возило пајак се кренати 153 возила.

Санкционирани се и еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин, шестмина возачи за поминување крстосница на црвено светло, пет за недавање првенство на минување на пешаци, како и по еден за неправилно престројување и престигнување.