Внукот што си ја уби баба си, испратен на лекување


Дваесетгодишното момче од Драчево што си ја уби баба си, е испратен на Психијатриско лекување и чување во здравствена установа. Обвинителството утврдило дека во моментот на извршување на злосторството, тинејџерот бил непресметлив како резултат на акутно психичко растројство поради трајна душевна болест. Крвавиот настан се случи на 10 декември во семејната куќа. „Тој и нанел повеќе …

Внукот што си ја уби баба си, испратен на лекување Read More »

Заврши распитот на Џафери и на Мисовски


На денешниот распит во јавното обвинителство, првиот парламентарец Талат Џафери и потпретседателот на парламентот Горан Мисовски се изјасниле дека изборот на претседател на парламентот на 27 април 2017 година бил легален и легитимен. Џафери и Мисовски се меѓу шеесетина пратеници од мнозинството против кои е поднесена пријава за велепредавство. Тие беа денеска во обвинителството за …

Заврши распитот на Џафери и на Мисовски Read More »

Обвинителството ќе ја истражува смртта на тинејџерката од Гостивар


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издаде наредба за обдукција на телото на 17-годишна девојка која беше пронајдена синоќа во водите на Вардар. Според првичните информации, девојчето враќајќи се од училиште, поминувало низ градскиот парк во Гостивар, каде била нападната од куче. Бегајќи од кучето, таа паднала во надојдените води на реката. Случајни …

Обвинителството ќе ја истражува смртта на тинејџерката од Гостивар Read More »

Кој го пријави Иванов?


Сè уште невратен од Турција, каде што беше меѓу ВИП-гостите на отворањето на најголемиот аеродром во светот, македонскиот претседател Ѓорге Иванов се соочи со можен кривичен прогон во земјава бидејќи оневозможи стапување во сила на законите за јазици и за ратификација на договорот од Преспа. Иако поминаа неколку месеци од првото „апсолутно вето“ на Иванов, …

Кој го пријави Иванов? Read More »

Иванов во предистрага


Скопското јавно обвинителство отвори предмет за претседателот Ѓорге Иванов. Од обвинителството потврдуваат дека се постапува по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишување на Законот за јазици и Договорот од Преспа. Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Според член 75 од Уставот, претседателот е должен …

Иванов во предистрага Read More »

Шекеринска за Османи: Не се мешаме во обвинителството


Функционирањето на правната држава значи дека никој не е над законот, но владеењето на правото исто така значи дека постапките ќе дефинираат дали некој е одговорен, носи таква одговорност или не. Како Влада покажавме дека нема да се мешаме во работата на органите кои мора да бидат независни. Знаеме дека постоеја дилеми, знаеме дека постоеја …

Шекеринска за Османи: Не се мешаме во обвинителството Read More »

Обвинителството проверува дали децата во „Скопјанка“ биле запоставени


Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас во врска со настанот што се случи на 19.09.2018 година, кога по дојава на жители од зграда во скопската населба Аеродром, во стан во истата зграда беше откриено дека семејство со едно малолетно дете живее во исклучително лоши хигиенски услови. Предметот е оформен во насока на …

Обвинителството проверува дали децата во „Скопјанка“ биле запоставени Read More »

Обвинителството следи дали некој го крши референдумот


Основното јавно обвинителство ќе ги следи евентуалните неправилности при спроведувањето референдум. Од таму велат дека формирале Комисија за следење противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет: Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 септември. За …

Обвинителството следи дали некој го крши референдумот Read More »

Обвинителството истражува говор на омраза за пожарите во Атина


Основното јавно обвинителство Скопје по допрен глас оформи предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, а со кои преку компјутерски систем во јавноста се шират расистички и ксенофобични материјали. Објавените текстови во социјалните мрежи се насочени кон пожарот во близина на Атина, Република Грција  во кој има и човечки жртви. „Јавното …

Обвинителството истражува говор на омраза за пожарите во Атина Read More »

Обвинителството го истражува тендерот за иновации


Контроверзниот тендер за иновации и технолошки развој стигна и во рацете на Основното јавно обвинителство. Од таму велат дека ќе се испитуваат евентуалните злоупотреби. „По објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по Јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој, ја известуваме јавноста дека Основното јавно обвинителство за гонење на …

Обвинителството го истражува тендерот за иновации Read More »

Вработена во обвинителство му праќала документи на сопругот адвокат


Вработена во гевгелиското јавно обвинителство преку „Вибер“ му испраќала документи од обвинителството кои биле службена тајна на својот сопруг адвокат кои му требале за предметите што ги води. Таа работела во казнено-правното одделение на ова обвинителство како помлад јавнообвинителски соработник за казнено право. Документите ги праќала во периодот од средината на 2017 година до 23 …

Вработена во обвинителство му праќала документи на сопругот адвокат Read More »

Кривична пријава за вработена во Обвинителството во Гевгелија


Секторот за внатрешни работи Струмица-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против гевгеличанката Е.С. (34) , поради постоење на основано сомневање дека сторила кривично дело „Оддавање службена тајна“. Како што изјави Тони Божиков, самостоен инспектор при СВР Срумица, осомничената Е.С. на адвокатот му давала кривични пријави, службени …

Кривична пријава за вработена во Обвинителството во Гевгелија Read More »

Обвинителство од Гостивар гони лице за полов напад врз дете


Јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за 67-годишник, кој е осомничен дека вчера во Гостивар извршил полов напад врз дете на возраст под 14 години. – Во текот на вчерашниот ден во Кичево, лице на возраст од 67 години извршило полов напад врз дете на возраст под 14 години. Нападот се …

Обвинителство од Гостивар гони лице за полов напад врз дете Read More »

Рот: СЈО да влезе во редовното обвинителство и да продолжат истрагите за прислушувањето


Мора да продолжат истрагите поврзани со прислушувањето, а Специјалното јавно обвинителство треба да се интегрира во редовните структури на обвинителството, порача денеска во Скопје државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, кој е во посета на Македонија. – Морам да подвлечам дека двотретинското мнозинство е предуслов за продолжување на мандатот на …

Рот: СЈО да влезе во редовното обвинителство и да продолжат истрагите за прислушувањето Read More »

Американски државјанин нападнал полицаец во скопското Обвинителство


Полициски службеник бил физички нападнат вчера попладне од О.С.А. (54) од САД во холот на Основното јавно обвинителство – Скопје. Министерството за внатрешни работи информира дека американскиот државјанин го нападнал полицаецот по кратка вербална раправија. Напаѓачот е приведен од полицијата и задржан во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

Антикорупциската комисија под истрага


Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за членовите на Државната комисија за спречување на корупција за трошењето буџетски средства. – По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции, соопштуваат од …

Антикорупциската комисија под истрага Read More »

Обвинителство изврши увид на сообраќајката на патот Прилеп-Градско


Надлежен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци изврши увид на местото на сообраќајната несреќа на патот Прилеп-Градско, во која животот го загуби едно лице. Како што соопшти Обвинителството, според првичните сознанија, до несреќата дошло при директен судар на патничко такси-возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „волво“ со велешки таблички. Во несреќата животот го …

Обвинителство изврши увид на сообраќајката на патот Прилеп-Градско Read More »

И нашето Обвинителство истражува како загинаа планинарите


Основното јавно обвинителство Скопје постапува за расветлување на настанот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животот го загубија двајца македонски планинари. Надлежен јавен обвинител издал наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога и како …

И нашето Обвинителство истражува како загинаа планинарите Read More »

Забрана за обвинителката Раичевиќ да зборува за случувањата во Обвинителството?


Скандалот со изборот на Марија Ѓоргова за обвинителка во „организиран криминал“, со сообраќајката на претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјов и со неизборот на обвинтелката Лидија Раичевиќ како да поприма нови нови димензии. Според сознанија на правосудство.мк на јавната обвинителка Лидија Раичевиќ ѝ било забрането да дава изјави во врска со нејзиниот неизбор …

Забрана за обвинителката Раичевиќ да зборува за случувањата во Обвинителството? Read More »

Обвинителството за организиран криминал истражува злоупотреби со палмите


Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал истражува кој и зошто одлучил да се набават африканските палми засадени во време на претходната владејачка гарнитура, а кои не ja преживеаја зимата. Иницијатива потекнала од пензионер од Скопје кој, со помош на институцијата nароден правобраниел, побарал да се истражи дали постои злоупотреба на службената должност во повеќе …

Обвинителството за организиран криминал истражува злоупотреби со палмите Read More »