Брисел се налути: Приштина итно да ги повлече таксите


Европската комисија денеска уште еднаш ја повика косовската Влада веднаш да ја повлече одлуката за зголемување на таксите за увоз на стоки од Србија и од Босна и Херцеговина на 100 отсто, оценувајќи дека тие се провокативни и навредливи. Портпаролката на високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, Маја Кочијанчиќ изјави дека е …

Брисел се налути: Приштина итно да ги повлече таксите Read More »

Предлог од Виена за мировна конференција за косовското прашање


Виена – Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе смета дека официјална Виена треба да предложи организирање мировна конференција за решавање на косовското прашање и повторно ја поддржа идејата за размена на територии. На синоќешната средба со претставници на српската заедница во Австрија, Штрахе оцени дека косовското прашање мора да се реши бидејќи ги спречува и Белград и …

Предлог од Виена за мировна конференција за косовското прашање Read More »

Коцијанчиќ: ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Косово


Европската унија внимателно го следи денешниот развој на ситуацијата во Косово и е во постојан контакт со различни страни, изјави Маја Коцијанчиќ, портпарол на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. – Сите одговорни институции во Косово мора во целост да се придржуваат до владеењето на правото, порача Коцијанчиќ. Повторувајќи ја …

Коцијанчиќ: ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Косово Read More »

Четворица уапсени за убиството на Оливер Ивановиќ


Владата на Косово објави дека денешната акција за апсење на четири лица е во врска со убиството на Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, и нема врска со актуелните политички случувања, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовската Влада, акцијата е спроведена по налог на Специјалното обвинителство на Косово и …

Четворица уапсени за убиството на Оливер Ивановиќ Read More »

Харадинај забрани увоз на производи на кои не пишува дека се наменети за Република Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по воведување на новата такса од 100 отсто на производите од Србија, објави преку Фејсбук дека Владата денеска одлучила и да се спречи увозот на сите производи во чија документација не пишува дека се увезуваат во Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. – Владата го обврза Министерството за трговија …

Харадинај забрани увоз на производи на кои не пишува дека се наменети за Република Косово Read More »

Македонија гласаше за прием на Косово во Интерпол


Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол, соопштија српските медиуми. Иако барањето на Приштина за членство во оваа светска полициска организација не помина ниту во првиот, ниту во вториот круг од гласањето, земјите од регионот речиси стопроцентно ја подржаа новата република. „За прием гласаа Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Бугарија, додека против беа …

Македонија гласаше за прием на Косово во Интерпол Read More »

Македонија против Косово во полуфиналето на Лигата на нациите


По триумфот над Азербејџан од 4:0, репрезентацијата на Косово ќе биде  противник на Македонија во полуфиналето од разигрувањето за пласман на Европскиот шампионат. Во решавачкиот дуел на стадионот „Фадил Вокри“ за првата позиција во  третата група од Д лигата, Косово го декласираше Азербејџан, а прва ѕвезда на натпреварот беше Арбер Зенели кој три пати се запиша …

Македонија против Косово во полуфиналето на Лигата на нациите Read More »

Косовската Влада ја обвинува „дивата кампања“ на Србија за неуспехот во Интерпол


Владата на Косово објави дека „зачленувањето на полицијата на Косово во Интерпол пропадна“ и изрази „големо разочарување поради тоа што на Косово не му се овозможи да биде дел од светското семејство на полициите, кои се борат против меѓународниот криминал“. За неуспехот да се зачлени во светската полициска организација, Владата во Приштина го обвини Белград, …

Косовската Влада ја обвинува „дивата кампања“ на Србија за неуспехот во Интерпол Read More »

Харадинај: Србија не е за верување


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на идејата на претседателот Хашим Тачи за „корекција на границата со Србија“, оценувајќи дека зад таквите идеи, кои ги поддржува и официјален Белград, пред се српскиот претседател Александар Вучиќ, се крие намерата за поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната средба со подмладокот …

Харадинај: Србија не е за верување Read More »

Косово: Затворен патот кон Македонија


Патот кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ, односно со границата со Македонија на преминот Блаце, денеска ќе биде затворен неколку часа поради градежни работи на таа делница од новиот автопат Приштина-Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти косовското Министерство за инфраструктура, патот ќе биде затворен во текот на денешниот ден од …

Косово: Затворен патот кон Македонија Read More »

Вулин: Дали војската на Косово ќе ја нападне Северна Македонија?


Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин изјави денеска дека формирањето војска на Косово е предизвик и закана по безбедноста во регионот. Тој, исто така, оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ со право е загрижен поради случувањата во Косово. – Формирањето војска на Косово покажува намера и каква политика сакате да водите и каква е потребата …

Вулин: Дали војската на Косово ќе ја нападне Северна Македонија? Read More »

Косово демантира дека Срби заминале од безбедносните сили


Министерството за Безбедносните сили на Косово (ФСК), по информациите објавени во српски медиуми дека припадници Срби го напуштаат министерството, соопшти дека до него не е стигнато ниедно барање за ослободување од должноста од ниту еден припадник. Портпаролот на Министерството Али Ука изјави дека на денешната редовна утринска средба не е известено дека имало оддалечување на …

Косово демантира дека Срби заминале од безбедносните сили Read More »

БиХ не го поддржува членството на Косово во меѓународни организации


-Босна и Херцеговина не ја поддржува желбата на Косово за членство во меѓународни и регионални организации, како и можната кандидатура на Приштина за членство во Интерпол, соопштии Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина. Министерството истакна дека Босна и Херцеговина не ја признала независноста на Косово и според тоа не ја поддржува желбата на …

БиХ не го поддржува членството на Косово во меѓународни организации Read More »

Штедните влогови во косовските банки над три милијарди евра


Косово-Вредноста на штедните влогови во десетте комерцијални банки во Косово, до октомври годинава достигна над 3 милијарди евра, додека вредноста на кредитите над 2,6 милијарди евра. Од Централната банка на Косово за Радио Слободна Европа (РСЕ) велат дека од вкупните влогови, над 2,2 милијарди се пари заштедени од домаќинствата, додека претпријатијата имаат депонирано над 750 …

Штедните влогови во косовските банки над три милијарди евра Read More »

Тачи: До пролет ќе размениме територии со Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека се надева оти пред идната пролет Косово ќе постигне договор со Србија, кој би вклучувал промена на границите и размена на територии. – Промената на граници не е идеја која сакам да ја презентирам, но по конфликтите и преговорите, заклучувам дека тоа е единствено разумно решение за двете страни. Ако …

Тачи: До пролет ќе размениме територии со Србија Read More »

Шестмина обвинети за планирање терористички напади во Косово


Приштина – Косовски обвинители соопштија дека против шест лица се поднесени обвиненија за планирање терористички напади и регрутирање за екстремистички групи. Како што јави Танјуг, а пренесува МИА, во соопштението не е прецизирано за какви терористички напади станува збор. Приштинскиот весник „Газета експрес“ наведува дека тие се обвинети за подготовка на напади на Косово и …

Шестмина обвинети за планирање терористички напади во Косово Read More »

Тачи: ОВК немаше повеќе од 12 илјади борци


Претседателот на Косово и еден од основачите и политички лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Хашим Тачи тврди дека оваа воена формација во војната во 1998-99 година немала повеќе од 12 илјади борци, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи изјавата ја даде на Регионалната конференција за борба против корупцијата која денеска се одржува …

Тачи: ОВК немаше повеќе од 12 илјади борци Read More »

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија


Српскиот претседател Александар Вучиќ нареди целата армија на Србија да биде ставена во највисока борбена готовност, потврдиле за Танјуг извори од Кабинетот на претседателот. Наредбата му е пренесена на началникот на Генералштабот на српската армија. Претходно беше соопштено дека околу 60 припадници на косовските специјални единици (РОСУ) биле распоредени во непосредна близина на браната и …

Вучиќ нареди највисока борбена готовност за српската армија Read More »

Гутереш: За ОН, Косово не е држава


Српската премеирка Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ во Њујорк на маргините на заседанието на Генералното собрание на Светската организација, се сретнаа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Како што соопшти српската Влада, Гутереш во разговорот истакнал дека „за Обединетите нации, Косово не е држава“, додавајќи дека ОН ќе го поддржат можниот …

Гутереш: За ОН, Косово не е држава Read More »

Тачи е сигурен дека Србија ќе го признае Косово


Претсдедателот на Косово Хашим Тачи вели дека е сигурен дека Косово ќе биде признаено од Србија, без оглед на тоа што шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека то може да се случи „само кога врбата ќе роди грозје“. Изјавата на Дачиќ, според косовскиот претседател, е едноставно изборна парола. – Не сакам да ги …

Тачи е сигурен дека Србија ќе го признае Косово Read More »