Недостигот на клучни лекови во ЕУ веројатно ќе продолжи, предупредија европските ревизори
Според извештајот на Европскиот суд на ревизори објавен денес, недостигот на клучни лекови во Европската Унија веројатно ќе продолжи и во иднина. И покрај контрамерките, останува ризикот дека некои лекови, вклучително и вообичаените антибиотици, повремено ќе бидат недостапни. Бројот на лекови што се во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. …