Урсула фон дер Лајен сака уште пет години да ја води Комисијата


  БЕРЛИН – Таа сака уште пет години. По неколкумесечни шпекулации, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја објави својата кандидатура да стане главен кандидат на централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) за претстојните европски избори во јуни. Фон дер Лајен го објави ова за време на прес-конференција на настан од нејзината централно-десничарска партија …

Урсула фон дер Лајен сака уште пет години да ја води Комисијата Read More »

Европа не може да ја земе здраво за готово одбраната на САД – но дали Европејците ќе се бранат меѓусебно?


Апстрактните стравови за последиците за Европа од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа се претворија во нешто многу поалармантно оваа недела. Трамп им рече на приврзаниците дека доколку биде реизбран ќе ја охрабри Русија „да им прави што по ѓаволите сака“ на земјите од НАТО кои не успеваат да трошат доволно за сопствената одбрана. …

Европа не може да ја земе здраво за готово одбраната на САД – но дали Европејците ќе се бранат меѓусебно? Read More »

Напуштањето на ЕУ би ја чинело Германија 10 отсто од БДП


Алтернатива за Германија (AfD), десничарска партија во подем, сака да ја извади земјата од Европската унија. Институтот за германска економија (IfW) предупредува дека цената на таквиот чекор е огромна. Ако Германија ја напушти ЕУ, „може да изгуби околу 10 отсто“ од својот бруто домашен производ, изјави во вторникот за Рајнише пост, Кнут Бергман, шеф на …

Напуштањето на ЕУ би ја чинело Германија 10 отсто од БДП Read More »

Мерис: Ви требаат политички партии што ќе ги надминат етничките линии заради доброто на земјата


  Амбасадорот  на Белгија одговорен за Македонија, Фредерик Мерис, неделава во македонското Собрание ги преставуваше приоритетите на белгиското претседателство, токму кога се случуваше драмата околу смените во техничката влада, а надвор од собраниските кулоари се тркалаше пасошката драма. Како амбасадор на земја претседавач  со ЕУ, кој исто така ја покрива Македонија од Бугарија, а е …

Мерис: Ви требаат политички партии што ќе ги надминат етничките линии заради доброто на земјата Read More »

Брисел ќе расправа за нашите пасоши


  Работна група во Европската унија идната недела ќе расправа како да ја имплементира одредбата од Преспанскиот договор според која од 13 февруари  сите пасоши мора да го содржат името Република Северна Македонија. Ова го најави амбасадорот на Белгија за Македонија, Фредерик Мерис во интервју за „Независен“, оценувајќи дека ќе биде лошо ако ЕУ нема …

Брисел ќе расправа за нашите пасоши Read More »

Делегацијата на ЕУ донира седум амбулантни возила на Брзата помош


Делегацијата на Европската Унија обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе превезуваат болни или повредени лица до болниците во Скопје. Главниот град има најголеми потреби и население во државата и донацијата ќе го ублажи недостигот од возила. Ова е најновата испорака на помош од ЕУ наменета да му помогне на …

Делегацијата на ЕУ донира седум амбулантни возила на Брзата помош Read More »

Средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во „Гимних“ формат


Во Брисел утре ќе започне дводневен неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во „Гимних“ формат.  Овој тип на состаноци го носат овој назив според замокот Гимних во Германија, каде во 1974 година е одржана правата неформална средба на шефовите за дипломатиите на тогашната Европска Заедница, претходничката на денешната ЕУ. …

Средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во „Гимних“ формат Read More »

Хектар обработливо земјиште во ЕУ лани во просек чинело 10.578 евра


Просечната цена на еден хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година изнесувала 10.578 евра, што ја прави 45 пати повисока од просечната годишна рента за изнајмување на плодни површини, која изнесувала 233 евра по хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, обработливо земјиште во …

Хектар обработливо земјиште во ЕУ лани во просек чинело 10.578 евра Read More »

Приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, одбраната на демократија и владеење на правото главни теми на ГАК


Приоритетите на белгиското претседателство со Европскиот совет во првите шест месеци од годинава, пакетот за „Одбрана на европската демократија“ и годишниот дијалог за владеење на правото во Унијата, ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел.  Како што јави дописникот на МИА, со оваа прва средба …

Приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, одбраната на демократија и владеење на правото главни теми на ГАК Read More »

ЕУ најверојатно нема да ги заплени замрзнатите руски имоти


ЕУ најверојатно нема да ги заплени замрзнатите руски средства, изјавија европски претставници, посочувајќи дека таквата одлука може да ја разниша финансиската стабилност на Унијата. Поради руската инвазија на Украина, ЕУ, САД, Јапонија и Канада ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии и замрзнаа околу 300 милијарди долари руски средства. Околу 200 …

ЕУ најверојатно нема да ги заплени замрзнатите руски имоти Read More »

За експлоатација во ЕУ почнаа да се сметаат принудните бракови, илегалното посвојување и сурогат мајчинството


Претставници на белгиското претседателство со ЕУ и на Европскиот парламент доцна синоќа постигнаа договор за измени на Законот на Унијата за спречување и борба против трговијата со луѓе, со кои принудните бракови, илегалното посвојување и присилното сурогат мајчинство се прогласуваат за форми на експлоатација.  Дополнително со измените, како што јави дописникот на МИА од Брисел, …

За експлоатација во ЕУ почнаа да се сметаат принудните бракови, илегалното посвојување и сурогат мајчинството Read More »

Може ли некој да ја запре кралицата Урсула фон дер Лајен?


Минатата година за кратко време, се чинеше дека кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседател на Европската комисија може да биде во неволја. Во непланираното патување во Израел во октомври таа застана до Бенјамин Нетанјаху и изрази безрезервна солидарност во битката на земјата против Хамас. Нејзината изјава ќе беше на место …

Може ли некој да ја запре кралицата Урсула фон дер Лајен? Read More »

Гир: Имаме многу добар систем на контрола и на проверка за реализација на проектите на ЕУ


Имаме многу добар систем на контрола и на проверка за реализација на проектите на Европската Унија,  изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали средствата што ги вложува ЕУ се коректно потрошени во земјава.  Тој изрази задоволство од работната средба во Неготино. Гир рече дека е горд на поддршката што ЕУ …

Гир: Имаме многу добар систем на контрола и на проверка за реализација на проектите на ЕУ Read More »

Нови правила на ЕУ против затајувањето ДДВ и за минимална стапка за корпоративно оданочување


 Во Европската Унија стапија во сила нови правила за спречување на измами со данокот на додадена вредност (ДДВ), како и за воведување минимална стапка на ефективно оданочување од 15 отсто за мултинационалните компании активни во земјите членки на ЕУ.  Новите правила за транспарентност при плаќањето на даноци од страна на компаниите треба да им овозможат …

Нови правила на ЕУ против затајувањето ДДВ и за минимална стапка за корпоративно оданочување Read More »

ЕУ постигна договор за закон што ја јакне слободата на медиумите


Унијата постигна договор за нов закон поврзан со слободата на медиумите, кој има за цел да ја зголеми транспарентноста на сопственоста на медиумските компании и институционалното рекламирање, да понуди подобра заштита на новинарите и нивните извори, и да ја зајакне независноста на јавните медиуми. Европската унија верува дека директното влијание врз медиумите од страна на …

ЕУ постигна договор за закон што ја јакне слободата на медиумите Read More »

ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег


Палестинската управа, која делумно го контролира Западниот Брег, треба да добие финансирање од ЕУ повеќе од 118 милиони евра, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Одобрувањето беше постигнато по внимателна контрола, рече Фон дер Лајен во Брисел. Во моментов се размислува за идната долгорочна поддршка, со завршени планови за 2024 година, рече …

ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег Read More »

ЕУ ќе ги изедначи правата на работниците од трети земји со оние на нивните колеги од Унијата


Земјите членки на ЕУ го поддржаа договорот постигнат меѓу шпанското претседателство со Европскиот совет и претставници на Европарламентот за измена на процедурите за издавање на единствената дозвола за престој и работа во Унијата. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, измените на Директивата за единствена дозвола за престој и работа го ажурираат процесот на …

ЕУ ќе ги изедначи правата на работниците од трети земји со оние на нивните колеги од Унијата Read More »

Затворената седница стана отворена, патоказите – последен гест на добра волја од Брисел


  Власта и опозицијата се собраа денес на заедничка седница за да расправаат за двата патоказа што Македонија треба наскоро да ги испрати во Европската унија и во кои ќе каже што ќе прави наредните шест години со владеењето на правото и со реформата на јавната администрација. Арбр Адеми, пратеник од ДУИ и член на …

Затворената седница стана отворена, патоказите – последен гест на добра волја од Брисел Read More »

ЕУ постигна договор за мигрантите. Левицата: Ова е црн ден за Европа


Преговорите од Европскиот парламент и Советот утринава постигнаа политички договор за миграција и азил. „Успеавме“, напиша Илва Јохансон, комесар за внатрешни работи на ЕУ. Според договорот, кој е прелиминарен и сè уште треба формално да биде ратификуван од Европскиот парламент и Советот, земјите од границите на јужна Европа ќе воведат построги процедури за азил за …

ЕУ постигна договор за мигрантите. Левицата: Ова е црн ден за Европа Read More »

„Европска иднина, поблиску од кога било“ – почна медиумската кампања на Владата


  Владата од денеска почнува со медиумска кампања која има за цел да ја информира јавноста за конкретните придобивки од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија. Кампањата, како што се наведува, ќе овозможи и подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности. Како што информира владината прес-служба, …

„Европска иднина, поблиску од кога било“ – почна медиумската кампања на Владата Read More »