Владата почнува процедура за трет мобилен оператор


Владата започнува со создавање услови за влез на трет мобилен оператор во земјава. Како што информира на денешната средба со новинарите министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ова ќе биде и една од клучните теми на која тој ќе разговара на ГСМ Саемот што од недела започнува во Барселона, Шпанија. – На саемот …

Владата почнува процедура за трет мобилен оператор Read More »

Допрва треба да се одлучи дали ќе се гради вториот дел од жичарницата на Водно


Градските власти заедно со Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина ќе треба да одлучат дали има потреба да се гради втората фаза од жичарницата на Водно, која треба да тргнува од Козле до Средно Водно. Ваква одлука е донесена на последната владина седница. „Владата го разгледа новиот текст на информацијата за …

Допрва треба да се одлучи дали ќе се гради вториот дел од жичарницата на Водно Read More »

(ВИДЕО) Владата даде виза за законот за аудио-визуелни услуги, се чека реформа на МРТ


Усвоена е стратетијата и акцискиот план за културата, следат темелни реформи, преструктуирање и обнова на културниот систем. Очекуваме учество и придонес на јавноста во овој процес, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, соопштувајќи дел од одлуките од денешната седница нa кабинетот на Зоран Заев. Денес е усвоен и законот за  аудио и аудио – визуелни услуги. …

(ВИДЕО) Владата даде виза за законот за аудио-визуелни услуги, се чека реформа на МРТ Read More »

Владата ќе бара нов инвеститор доколку Веибо се откаже од работење во Македонија


Владата не може да дава плати во приватни фирми, но сепак ќе се заземе за решавање на проблемот што го имаат вработените во Веибо Груп од Крива Паланка кои повеќе денови штрајкуваат и си ги бараат трите неисплатени плати и ќе се обиде да најде инвеститор кој ќе ги вработи, доколку Веибо одлучи да престане …

Владата ќе бара нов инвеститор доколку Веибо се откаже од работење во Македонија Read More »

Манчевски: Владата ги трга рацете од изборот на раководните кадри во МРТВ


Владата ги трга рацете од изборот на раководните кадри во МРТВ, тоа треба да биде трајна пракса и токму тоа ќе се обидеме да го воспоставиме со измените во Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, истакна вечерва министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за емисијата Топ-тема. Манчевски ова го посочи …

Манчевски: Владата ги трга рацете од изборот на раководните кадри во МРТВ Read More »

Владата отфрла поврзаност со реизборот на директорот на МРТ


Владата нема никаква поврзаност со изборот на директорот на Македонската радио телевизија, изјави вчера владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по реизборот на Марјан Цветковски на чело на јавниот сервис. „Овој избор е одлука на Програмскиот совет на МРТ кој се уште функционира во стариот состав, а граѓаните на Македонија добро знаат кој членува во тој состав, …

Владата отфрла поврзаност со реизборот на директорот на МРТ Read More »

Владата даде согласност за две нови странски инвестиции


Владата донесе одлуки за поддршка на две нови странски инвестиции. Станува збор за компанијата за производство на лекови САГЕН и  за компанијата ВИК. На денешната седница прифатени се одлуките за давање согласност за долготраен закуп на градежно земјиште за компанијата САГЕН, како и за договорот за доделување државна помош на ВИК во Технолошко индустриската развојна зона Прилеп.

Владата ги зголеми субвенциите за тутун


Почнувајќи од реколтата за 2017 година тутунарите ќе добиваат повисоки субвенции за килограм предаден тутун, најави денеска министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тоа, како што рече, на денешната прес-конференција е овозможено со прифаќањето на уредбата за директни плаќања за 2018 година донесена на денешната седница на Владата со која е дефинирано субвенцијата …

Владата ги зголеми субвенциите за тутун Read More »

Мицотакис: Владата со „Новартис“ сака да го одвлече вниманието за скопското прашање


Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис ја обвини Владата на Грција дека со скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“ сака да го одвлече вниманието на јавноста од актуелните проблеми, а меѓу нив и прашањето за името. Како што јави дописникот на МИА од Атина, Мицотакис изјави дека грчкиот премиер Алексис Ципрас е опасен …

Мицотакис: Владата со „Новартис“ сака да го одвлече вниманието за скопското прашање Read More »

Заев: Знаеме до каде можеме да одиме со преговорите


Премиерот Зоран Заев на дешената пресконференција на новинарско прашање што значи неговата изјава дека е прифатливо име со географска одредница, тој одговори дека знае до каде може да се оди со преговорите. – Верувајте знаеме до каде можеме да одиме со преговорите – рече тој. Тој најави дека следната недела ќе има нова средба со …

Заев: Знаеме до каде можеме да одиме со преговорите Read More »

Влада: Јавноста е целосно информирана, решение за името е можно


Јавноста е целосно информирана, решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес, реагират од Владата откако шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас побара од Македонија , конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните. -На билатералната средба …

Влада: Јавноста е целосно информирана, решение за името е можно Read More »

Влада: Достоинствено да се решат отворените прашања со Грција


Владата на Република Македонија е посветена на градење доверба со Владата на Република Грција,  со јасна цел достоинствено да се решат отворените прашања на двете соседни европски земји, велат од македонската Влада во врска со вчерашниот протест во Атина. – Веруваме дека и во Грција и во Македонија мнозинството граѓани сакаат добрососедство кое води кон …

Влада: Достоинствено да се решат отворените прашања со Грција Read More »

За инсулин годинава се предвидени исто пари колку и лани


Државата за набавка на лекови и помагала за дијабетичари за оваа година обезбеди 620 милиони денари. Тоа се гледа од Програмата за обезбедување инсулин, глаукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и едукација за дијабетесот, кој пред некој ден е објавена во „Службен весник“. Тоа е истата сума од минатата година, со таа разлика што …

За инсулин годинава се предвидени исто пари колку и лани Read More »

Албанската опозиција сака да биде дел од Владата


Касами најавува реконструкција, Владата без коментар Владата остана без коментар откако лидерот на движењето Беса, Билал Касами, изјави дека напролет се спрема реконструкција на владиниот кабинет и вклучување на Беса во „белата куќа“. Свое враќање во Владата не исклучуваат ниту од Алијансата, но прашање е колку нивното евентуално приклучување кон парламентарното мнозинство ќе ѝ се …

Албанската опозиција сака да биде дел од Владата Read More »

Заев: Законски е тендерот на Тодоров за Клинички центар


Законски е тендерот за избор на италијанската градежна фирма која ќе го гради новиот Клинички центар, а кој го спроведе претходниот министер за здравство, Никола Тодоров.Ова го рече премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на денешната седница за пратенички прашања. Постапката е надгледувана од Банката на Советот на Европа, која е кредитор на оваа инвестиција. …

Заев: Законски е тендерот на Тодоров за Клинички центар Read More »

Владата ќе бара одговорност од Дац ако се утврди дека сторил тежок прекршок


Од Владата велат дека Министерството за внатрешни работи и сите органи детално ќе ја истражат и ќе ги објават наодите за сообраќајната несреќа во која, како што беше објавено, директорот на МНТ Драган Спасов – Дац удрил во девојка која поминувала улица. Порачуваат дека секој мора да понесе одговорност согласно законите и оти лице кое …

Владата ќе бара одговорност од Дац ако се утврди дека сторил тежок прекршок Read More »

Беса се премислува да влезе во Владата


Беса, која е моментно најголема опозициска партија во албанскиот блок во парламентот, не исклучува можност да стане дел од Владата на СДСМ и на ДУИ. Тоа го најави нејзиниот прв лидер Биљал Касами во разговор за „Призма“, посочувајќи на неговата неодамнешна средба со премиерот Зоран Заев. Набрзо по расколот во партијата, Касами се сретна со …

Беса се премислува да влезе во Владата Read More »

Владата предложи да се укинат музичките субвенции


Домашните музичари повеќе да не добиваат субвенции од државата за создавање на песни и спотови, предлага Владата. На вчерашната седница донесоа заклучок да се достави до Собранието Предлог-законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција. „За донесувањето на овој предлог-закон владата преовлада фактот што имплементацијата на законот во практика не …

Владата предложи да се укинат музичките субвенции Read More »

Владата даде согласност за договорот за државната помош на „Чагатај кабло“


Владата на вчерашната седница донесе одлука за давање согласност на договорот за доделување на државна помош во облик на даночни олеснувања на турската компанија „Чагатај Кабло”, која во 2017 година започна со изградба на нивниот објект во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик). По донесената одлука ќе се пристапи кон склучување на договорот во наредниот период. Оваа …

Владата даде согласност за договорот за државната помош на „Чагатај кабло“ Read More »

Наскоро одлука за отпочнување на изградбата на Клинички


Делегација на Банката на Советот на Европа на денешната седница на Владата на Република Македонија ги презентираше опциите за активирање на изградбата на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ), со вклучени експертски мислења за предвидените опции и алтернативи во однос на локацијата на УКЦ. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, била искажана јасната определба на Владата …

Наскоро одлука за отпочнување на изградбата на Клинички Read More »