И Вучиќ има коњ за трка: „Аудито“ на српскиот претседател главна тема во Хрватска


Хрватскиот весник „Јутарњи лист“, во денешниот текст „Моќниот автомобил што им падна на сите во очи“ во детали ја опишува лимузината во која за време на официјалната посета на Загреб се возеше српскиот претседател Александар Вучиќ. Автомобилот на Вучиќ може да достигне 100 км/ч за 6,5 секунди и чини околу околу 140.000 евра, пишува „Јутарњи …

И Вучиќ има коњ за трка: „Аудито“ на српскиот претседател главна тема во Хрватска Read More »

Вучиќ до хрватските новинари: Ме прашавте ли кој ги запали куќите на моето семејство?


Србите и Хрватите имаат различни погледи за минатото, но тоа не значи дека неможат да живеат заедно и да разговараат, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во Вргинмост, на вториот ден од неговата посета на Хрватска, кој беше посветен на средби со претставници на српското малцинство. На инсистирањата на новинарите да одговори директно дали жали …

Вучиќ до хрватските новинари: Ме прашавте ли кој ги запали куќите на моето семејство? Read More »

Хрватската полиција го чуваше Вучиќ со антидронови пушки


Хрватските полицајци, кои денеска го чуваа плоштадот Свети Марко во Загреб, за време на протестот поради посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ, привлекоа внимание со необичните пушки, објави „Вечерњи лист“. Станува збор за специјални пушки, наменети за соборување дронови. Минатата година хрватската полиција набави опрема во вредност од 4,6 милиони евра, вклучително и антидронови пушки …

Хрватската полиција го чуваше Вучиќ со антидронови пушки Read More »

Вучиќ до Буљ: Да не мислите дека се уплашив од Вашето дофрлање?


Српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамките на дводневната посета на Загреб денеска оствари средба и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ. Според твитер објавите на Пленковиќ по средбата со Александар Вучиќ, тие зборувале за сите отворени прашања меѓу двете земји, вклучувајќи го и прашањето за воените репарации. – …

Вучиќ до Буљ: Да не мислите дека се уплашив од Вашето дофрлање? Read More »

(Фото) Протести во Загреб: Вучиќ дочекан со усташкиот повик „За дом спремни“


Како што беше претходно планирано, две здруженија закажаа протести за 10 часот поради официјалната посета на Александар Вучиќ на Загреб. Тие почнаа да се собираат на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во 10 часот утринава. Околу 400 демонстранти го слушаа говорот Векслов Магаш, покрај кој стои транспарент на кој пишува „Србија мора да одговара за геноцид во …

(Фото) Протести во Загреб: Вучиќ дочекан со усташкиот повик „За дом спремни“ Read More »

Вучиќ во посета на Хрватска


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна посета на Република Хрватска, на покана на неговата колешка Колинда Грабар Китаровиќ. Главни теми на средбите меѓу двете делегации ќе биде проблемот со исчезнатите, правосудната соработка, границите и враќањето на имотот. Двајцата претседатели ќе разговараат за судбината на 1.900 исчезнати лица и за …

Вучиќ во посета на Хрватска Read More »

Хан во Белград: Србија е предводник во спроведување реформи


Србија прв пат доби временска рамка која таа треба да ја искористи, но ве чекаат тешки реформи во владеењето на правота и правосудството, изјави во Белград европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Бевме многу јасни во ЕУ. Долгорочната стабилност бара помирување и добрососедски односи. …

Хан во Белград: Србија е предводник во спроведување реформи Read More »

В понеделник во Турција средба меѓу Ердоган, Вучиќ и Изетбеговиќ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ в понеделник ќе отпатуваат во Турција на средба со шефот на турската држава Реџеп Тајип Ердоган. Посета на Вучиќ и Изетбеговиќ на Турција ја потврди портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, кој престојува во посета на БиХ. Калин во Сараево …

В понеделник во Турција средба меѓу Ердоган, Вучиќ и Изетбеговиќ Read More »

Средба Вучиќ-Рама: Ставот за Косово е основна ралика меѓу Србија и Албанија


Србија и Албанија имаат добри односи, кои се особено важни за стабилноста на Западниот Балкан, изјави денеска во Давос српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата со албанскиот премиер Еди Рама. – Фактот дека имаме различни ставови за одредени прашања, не значи дека не сме свесни за фактот дека нашите две земји играат важна улога во …

Средба Вучиќ-Рама: Ставот за Косово е основна ралика меѓу Србија и Албанија Read More »

Вучиќ и Тачи разговараа за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Давос изјави дека со косовскиот претседател Хашим Тачи разговарал за продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во Брисел. Вучиќ изјави дека без продолжување на дијалогот нема ни продолжување на европскиот пат на Србија, ниту пак инвестиции. – Можете да купите три месеци, шест месеци, …

Вучиќ и Тачи разговараа за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел Read More »

Вучиќ: Се надевам на компромис со Приштина, но не оваа година


о поддржувам дијалгот со Приштина, се надевам на компромисно решение, но не верувам дека тоа ќе се случи до крајот на 2018 година, посочи српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод барањето на Брисел, пред пристапувањето на Србија во Европската унија да биде решено прашањето за границата со Косово. Во интервју за „Спутник“ во Давос, зошто …

Вучиќ: Се надевам на компромис со Приштина, но не оваа година Read More »

Еди Рама: Албанија и Србија заедно во ЕУ само по признавањето на Косово


Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Давос изрази желба Албанија на патот кон ЕУ да ја достигне Србија, со цел заедно да влезат во Унијата, но истовремено порача дека тоа е можно само под претпоставка Белград да го признае Косово. Веднаш по пристигањето во Давос, Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ имаа неформална средба, а …

Еди Рама: Албанија и Србија заедно во ЕУ само по признавањето на Косово Read More »

Под силно обезбедување во Косовска Митровица: Вучиќ положи венец за Ивановиќ и испрати три пораки за Србите


Под силни мерки на безбедност претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети Косово. Тој во северниот дел на Косовска Митровица положи венец на местото на кое беше убиен лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ. Претходно, српскиот претседател во манастирот Бањска изјави дека Белград и Приштина ќе разменуваат информации за убиството на …

Под силно обезбедување во Косовска Митровица: Вучиќ положи венец за Ивановиќ и испрати три пораки за Србите Read More »

Владата во Приштина му дозволи на Вучиќ да го посети Косово


Косовската Влада му дозволи на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети Косово за време на викендот. Веста ја потврди Јетлир Зиберај, советник и шеф на кабинетот на првиот потпретседател на косовската Влада и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли. – Врз основа на барањето на Претседателот на Србија до нашите институции за посета на Косово, …

Владата во Приштина му дозволи на Вучиќ да го посети Косово Read More »

Вучиќ: Убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин


Претседателот на Србија Оливер Ивановиќ изјави денеска дека убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин. – За државата Србија тоа е терористички акт и така ќе се однесуваме кон него, изјави Вучиќ на прес конференција по седница на Советот за национална безбедност. Тој додаде дека е испратено писмо до органите на Еулекс со барање органите …

Вучиќ: Убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин Read More »

Патријарх Иринеј: Србите да му благодарат на Бога за Вучиќ


Патријархот на Српската православна црква Иринеј, изјави синоќа во Бања Лука дека Србите треба да му бидат благодарни на Бога што им подарил човек каков што е претседателот Александар Вучиќ кој „лавовски се бори“ за српскиот народ. – Му благодариме на Бога што ни подари човек кој лавовски се бори за српскиот народ, и посебно …

Патријарх Иринеј: Србите да му благодарат на Бога за Вучиќ Read More »

Вучиќ: Хојт Ји е суров професионалец


Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за денешното издание на весникот „Курир“, говорејќи за надворешната политика, оцени дека официјалниот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, „не и чита лекции на Србија, туку секогаш зборува во името на Стејт департментот“. – Ако ова е негово лично мислење, некој досега би го демантирал или би го …

Вучиќ: Хојт Ји е суров професионалец Read More »

Борисов и Вучиќ телефонски разговараа за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан


Премиерот Бојко Борисов и српскиот претседател Александар Вучиќ имаа телефонски разговор во кој ја поздравија успешната и конструктивна работа во текот на изминатата 2017 година, соопшти прес-службата на бугарскиот премиер. – Двајцата се согласија дека последната година активниот билатерален дијалог придонесе за исклучително важни чекори за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, се наведува во …

Борисов и Вучиќ телефонски разговараа за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан Read More »

Србија: Вучиќ слави победа во пет општини, опозицијата обвинува за нерегуларности


Лидерот на СНС и претседател Србија, Александар Вучиќ, прогласи убедлива победа на вчерашните вонредни локални избори во пет општини во Србија. – Во Печинца освоивме 77,71 отсто од гласовите, а во општина Неготин 70,53 отсто. Во Мионица освоивме 65,8 проценти од гласовите, а во Костолац 62,51 отсто. Им честитам на СПС на Ивица Дачиќ. Тие …

Србија: Вучиќ слави победа во пет општини, опозицијата обвинува за нерегуларности Read More »

Вучиќ се среќава со Путин во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ, при што, меѓу останатото, ќе разговараат за развојот на економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија. Вучиќ посочи дека на состанокот ќе бидат потпишани договор за гас, како и дека …

Вучиќ се среќава со Путин во Москва Read More »