(Фото) Протести во Загреб: Вучиќ дочекан со усташкиот повик „За дом спремни“


Како што беше претходно планирано, две здруженија закажаа протести за 10 часот поради официјалната посета на Александар Вучиќ на Загреб. Тие почнаа да се собираат на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во 10 часот утринава.

Околу 400 демонстранти го слушаа говорот Векслов Магаш, покрај кој стои транспарент на кој пишува „Србија мора да одговара за геноцид во Хрватска и да плати отштета за војната“.

Многумина од демонстрантите носат знамиња со шаховници, некои се облечени со јакни на кои има ознаки на ХОС, а забележан е и транспарент „За дом спремни“.

Предвидено е двајцата претседатели да разговараат за судбината на 1.900-те исчезнати лица и за враќањето на културното богатство исчезнато за време на воениот конфликт во 90-тите години на минатиот век, за соработката при апсење на осомничени воени злосторници, за положбата на малцинствата, како и за нерешеното прашање околу границата.

Според кабинетот на Грабар-Китровиќ, на дневен ред на разговорите нема да биде прашањето за „извинување за српската агресија над Хрватска, ниту пак барањето за воена отштета од Србија“, теми кои претходно беа најавени од страна на vладата на Хрватска.

Во пресрет на посетата, Вучиќ изјави дека е изненаден и вчудовиден од изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека треба да се разговара и за воената отштета и воедно најави дека ќе предложи воведување „мораториум од шест месеци на теми од минатото меѓу двете земји“.

За обезбедување на српскиот претседател за време на посетата на Загреб ќе бидат ангажирани неколку стотици луѓе од сите единици на безбедносниот систем на Хрватска, а според „Јутарњи лист“, обезбеден е и специјални тим на Брзата помош со доволни количества крв од крвната група на Александар Вучиќ.