СЗО: Обезбедени речиси милијарда дози вакцини за сиромашните земји


Речиси една милијарда дози од водечките кандидати за вакцина против Ковид-19 се обезбедени за земјите со мал и среден приход според програмата Ковакс, соопшти Светската здравствена организација.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус на денешната прес-конференција во Женева рече дека 189 земји учествуваат во програмата „Ковакс“.

„Ковакс“ претставува глобална иницијатива на СЗО за праведна дистрибуција на залихи на идни вакцини против коронавирус, како во богатите, така и во сиромашните земји.