Свиркач ги открива мрачните тајни на Твитер, го лажеле Илон Маск за ботовите


 

Поранешниот шеф за безбедност на Твитер стана свиркач и сведочеше дека компанијата ги заведувала корисниците и американските регулатори за нејзините безбедносни пропусти.
Пејтер Затко тврди дека Твитер потценил колку лажни и спам сметки има на неговата платформа.

Обвиненијата би можеле да влијаат на правната битка меѓу Твитер и милијардерот Илон Маск, кој се обидува да го откаже својот договор од 44 милијарди долари (37 милијарди фунти) за купување на компанијата.

Твитер вели дека наводите на Затко се неточни и неконзистентни.

Од таму велат дека добил отказ во јануари поради неефективно водство и слаби перформанси.

Во обвинувачките откритија на Затко, кои први ги открија Си-Ен-Ен и Вашингтон пост, тој го обвини Твитер дека не одржува строги безбедносни практики и дека „го лаже Илон Маск за ботови“.

Тој во јули поднел жалба до Комисијата за хартии од вредност. Би-Би-Си видел преработена копија од жалбата споделена преку CBS News.

Затко, исто така, го критикуваше ракувањето со чувствителни информации од страна на Твитер и тврди дека не пријавил точно за некои од овие работи до американските регулатори.

Твитер се соочи со серија хакирања на високи профили, на пример, на Барак Обама, Џо Бајден и Канје Вест.

Затко вели дека Твитер страда од висока стапка на безбедносни инциденти – „приближно еден безбедносен инцидент секоја недела доволно сериозен што Твитер мораше да го пријави до регулаторите“.

Тој рече дека таканаречените инсајдерски закани – безбедносните ризици од злонамерните луѓе во компанијата – поминале „практично без надзор“.

Поранешниот шеф за безбедност ја откри својата загриженост за ракувањето со податоците на Твитер, велејќи дека премногу вработени имаат пристап до чувствителни системи и кориснички податоци.

Тој се загрижи дека компанијата нема функционален план за обновување при катастрофи и тврди дека Твитер во минатото не успеал правилно да ги избрише податоците на луѓето кои ги откажале нивните сметки.