Светот денес порача: Слава и слобода на Украина!


Годишнината од руската инвазијата на Украина денес беше одбележана во целиот демократски свет, вклучувајќи ја и нашата држава.

 

Украинското знаме се вееше на институциите, се осветлуваа знаменитостите, се организираше лажен воздушен напад пред руската амбасада во Варшава, се свиреше украинската химна пред руската амбасада во Хаг, улицата пред преставништвото на Русија во Лондон осамна во плаво жолта боја, се постираа фотографии и видеа од војната, се емитуваа видео пораки со главната реченица – Слава на Украина. Годишнината се одбележуваше дури и во Русија и покрај притисоците и апсењата.

Подолу се илустрациите на тие одбележувања низ Европа.

Претприемач од Ленинградската област ја наслика фасадата на својата продавница со имињата на украинските градови, излезе со постер „Прости Украина“.

 

Пратениците од политичкото семејство на Народните партии во Европскиот парламент исто така излегоа со видео на кое се менуваа со транспаренти во поддршка за Украина. Што правеше, пак, ВМРО-ДПМНЕ во тоа време се гледа од следниот пост.

Совет на Европа

 ОБСЕ

Бугарско МНР

НАТО

Емпајр Стејт Билдинг 

Германија

Шведска

Тирана

Т  

Приштина

Украина