Свети Николе ќе биде центар за „зелена“ енергија, најави Заев


Свети Николе прераснува во најпривлечна дестинација за инвестиции во „зелена“ енергија, порача вечерва од Свети Николе претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Овде веќе имаме потврдено и со одобрение за градба, инвестиција за ветерници од 36 мегавати инвестиција вредна преку 50 милиони евра. Прогласивме стратешка инвестиција од компанијата ЕФТ, фотонапонска централа од над 80 мегавати, проект вреден 60 милиони евра, а само со градоначалникот разговараат инвеститори за инвестиции од над 50 милиони евра. Свети Никола ќе ја брендираме како ‘зелена’ и еколошка општина, со тоа што ќе носи и приходи и нови добро платени работни места“, порача Заев.

Заев ги повика граѓаните на 17 октомври да дадат поддршка за број 12 за кандидатот Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, затоа што тие биле гарант дека напредокот на Свети Николе ќе продолжи и во следните четири години.