Свештеник се жали на пресудата за педофилија


Кардиналот Џорџ Пел поднел жалба до највисоката судска истанца во Австралија на пресудата за педофилија, соопшти Високиот суд на Австралија.

Во претходната инстанца Врховниот суд на државата Викторија ја отфрли жалбата на кардиналот и ја потврди пресудата со која беше осуден на шестгодишна затворска казна.

Не е познато дали Високиот суд на Австралија, чие седиште е во Канбера, ќе се занимава со случајот на Пел. За тоа дали ќе има постапка одлуката ќе ја донесе судија од овој суд, што, меѓутоа, тоа може да потрае со месеци.

Кардиналот Пел, некогаш трет човек во хиерархијата на Ватикан, во март годинава беше осуден заради сексуално злоставување на две момчиња.