„Супермоќ“ е исклучително личен“: Овации за документарецот на Шон Пен на Берлинале


Оскаровецот на прес-конференција за „Супермоќ“ на 73.Берлинале/ Фото: АП

Германија- Документарниот филм на Шон Пен за војната во Украина наречен „Superpower“ (Супермоќ) ја имаше светската премиера на Берлинскиот филмски фестивал каде публиката го поздрави со овации.

Пен рекол дека е среќен што го гледаат како „пропагандист“ на украинските воени напори, додека рускиот претседател Владимир Путин го нарекол „морничав мал силеџија“ по светската премиера на неговиот документарен филм „Superpower“.


„Ова не е непристрасен филм бидејќи ова не е двосмислена војна“, рекол Пен, нарекувајќи го конфликтот „исклучително личен“.

Пен рекол дека првично го планирал „Superpower“, кој го режираше заедно со Арон Кауфман, како „приказна за комичар кој станува претседател“, но проектот радикално се променил по руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Делови од филмот се снимени пред и по почетокот на нападот, нудејќи приказ на последиците од војната. Филмот го следи Пен додека патува до првите линии на конфликтот за да се сретне со војниците и од прва рака да набљудува како се води битката.

 

Пен ја повика администрацијата на Бајден да испрати оружје во Киев за да ги поддржи воените напори на Украина.
По завршувањето на снимањето, приказната продолжи надвор од камерата. Зеленски на холивудската ѕвезда, која беше вклучена во бројни меѓународни хуманитарни и антивоени напори во текот на годините, и го додели украинскиот Орден за заслуги минатата година.
Пен доби и плоча на патеката во Киев во чест на светските лидери кои покажаа солидарност со Украина.

 

За време на подоцнежната посета на Украина, Пен му позајми на Зеленски еден од неговите два Оскари, велејќи му: „Кога ќе победиш, врати го во Малибу“.