Супермајка – сред епидемија од корона вирус го роди своето 22 дете


Сју Редфорд со право се нарекува супермајка, а сред пандемија од корона вирус го роди своето 22. дете.

Сју (45) и нејзиниот сопруг Ноел (49) од Ланкашир, Велика Британија го проширија своето семејство за уште еден член – девојче тешко 3,1 килограми.

Родителите на најголемото британско семејство, кое инаку сами го издржуваат, имаат своја пекарница, до прва треба да му дадат име на девојчето, но поради вонрендите мерки не можат да го пријават.

https://www.instagram.com/p/B-KKrIVpNM6/?utm_source=ig_embed

Породувањето траело 10 часа, а Сју веки дека многу се исплашила што треба да оди во болница кога има епидемија од корона вирусот.

„Мислев дека на мојот сопруг нема да му дозволат да дојде в болница. Бев многу исплашена затоа што бевме во изолација и се грижев што ќе се случи кога ќе излеземе“, вели таа, пренесе Сан.

https://www.instagram.com/p/B6d6uz6JZVs/?utm_source=ig_embed

Додаде дека стравот исчезнал кога стигнале в болница, и дека ова и било едно многу чудно искуство, но дека најдобро поминала.

Сју поминала 800 недели трудна во својот живот. Првото дете го родила на 14 години, а нивниот прв син сега има 30 години и две деца, додека најстарата ќерка која има 26 години има три деца.

https://www.instagram.com/p/B0T5mAmJDjx/?utm_source=ig_embed

Потоа доаѓаат Клои (24), Џек (23), Даниел (22), Лук (19), Мили (18), Кејти (17), Џејмс (16) Ели (15), Ејми (14), Џош (13), Макес (12), Тили (10), Оскар (8), Каспер (7), Хали (4), Фиби (3), Арчи (2,6) Бони Реј (2). Бебето наречено Арчи е мртвородено во 2014 година.

https://www.instagram.com/p/BwXkjR7nHCa/?utm_source=ig_embed

Освен двете најстари деца кои се осамосталиле сите други живеат во една куќа со десет соби. Секојдневно перат по девет машини алишта, а месечно трошат 30 шишиња детергент.