Судскиот совет негира дека Наќе Георгиев бил нивен член


Судскиот совет ја демантира информацијата дека Наќе Георгиев бил нивен член, како што објавија некои медиуми во државата.

„Наќе Георгиев никогаш не стана член на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Наќе Георгиев беше избран за член на Судскиот совет од страна на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, но по реакција токму од членовите на Судскиот совет си поднесе оставка пред да даде свечена изјава во Сообранието“, стои во реакцијата на ова тело.

Претходно, на итна седница, Судскиот совет го разреши Наќе Георгиев од неговата функција судија во Врховниот суд, откако доби три години казна затвор за земање мито од 15.000 евра за дело со кое се спогоди со Обвинителството.

„Георгиев не треба да зема плата ниту еден час плус од граѓаните, поради тоа што го направи. Тој е срам за судството“, било кажано на денешната седница.