Судии од БиХ за дуелот на македонските ракометари со Португалија


Хернинг – Во натпреварот од второто коло од Европското првенство македонските ракометари ќе играат против Португалија, а ќе го судат судии од Босна и Херцеговина.

Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за овој натпревар, а тоа се браќата близнаци од Босна и Херцеговина, Амар и Дино Коњичанин.

Во првиот натпревар македонските ракометари загубија од Данска (24:36), додека Португалија ја совлада Романија (40:34). Почетокот на дуелот е во 18 часот.