Судењето на Васил исполитизирано, семејството на Фросина се вклучи во „војната“

Судењето на Васил Јованов помина, а во јавноста се води „војна“ околу тоа дали казната што му е досудена за прегазувањето на Фросина Кулакова е доволна, при што се врши енормен притисок врз судството и секој си зема за право да кажува колку треба да досудат.
Масло на огнот долеа и семејството на загинатата Фросина Кулакова, а особено таткото кој го нарече судот „мафија“, а пресудата срамна и тажна. Војната се пренесе на Х каде што главно виреат ботовите на македонските партии и од кои јасно се гледа дека зад случајот има и политички интереси, што ја отвора дилемата – дали судењето на Јованов беше фер и по која основа тој за исто дело како во прегазувањето на девојка претходно на „Партизанска“ доби шестпати повисока казна, да не се споменуваат други случаи.
Она што е најинтересно е дека околу пресудата се разидоа и обвинителството и семејството на Фросина, бидејќи обвинителството оцени дека ова е највисока казна за вакво дело во досегашната судска практика, а семејството дека „нема правда“ и со максималната 20-годишна казна, па повикаа утре на протест.
Таткото на Фросина чита претходно напишани говори и тоа за многумина беше сигнал дека има поголем интерес од тој што се гледа на прв поглед и единствено логично објаснување е дека заради добивање драстична казна се бламира судската одлука и се става под сомнеж судството во целина.
Еве некои од реакциите што покажуваат како намерно се поларизира јавноста околу нешто што треба да биде работа на проценка на судските органи, во согласност со законите:
„Животот на Теодора – 2 години? Животот на Фросина -12 години? Шо е толку по различно да има 10 години разлика у пресуда?“
„Може да се соберете вие тројца и Мицко. Евентуално и некои други од ВМРО ако излезат да ве поддржат. Зошто кога народот излегуваше на улица за ваквите кривични дела и пресуди, вие рековте дека ја политизирале смртта на Фросина за поени, дека СДСМ ги плаќал, па заокружувавте“.
„А фала на Мицкоски? Нели во секоја изјава се заблагодаруваше на премиерот и на ВМРО, како се залагале за судскиот предмет! Партиски бот. Смртта на сопствената ќерка да ја ставаш пред партијата. Бруко. Инаку да, најмалку што можеше е доживотна затворска казна за возачот!“
„Пијан, издрогиран и без возачка, на пешачки убиваш девојче. И на 27-8 години искачаш од затвор као слободен чоек, цел живот пред тебе дури она лежи два метра под земја. А, судствово нека се реформира кога во дупкава ќе останат да живаат 10 пензионери“.
„Таткото на починатата Фросина рече – судството е мафија и не е ич далеку од вистината!“
„Тежок дибек е татково. Можеби, да не ги угушеше самиот протестите, каде што после којзнае колку време излезе народ на улица барајќи правда и промена на системот, казната ќе беше повисока, но, тврдокорниот одлучи да ѝ служи на партијата, наместо да бара правда“.
„Се додека по формула ги пресметуваат казните ваква ќе биде казнената политика. Очекував 18 години, зашто се знае дека Васил ќе вложи жалба. Сигурно и јавниот обвинител ќе вложи жалба. Сега се е во рацете на Апелација.. Резил сте бре 12 години за дело со умисла и смртна последица!“
„Со кого ќе протестираш сега? Со тие што кога ви даваа поддршка ги нарекуваше глодари и политички платеници? Тие ќе ти излезат пак? Или, мислиш со Мицкоски на кого 38 пати до сега јавно по телевизии му се заблагодари?“
„Прво ги плукаш сите што станаа и излегоа да протестираат, им ја вреѓаш интелигенцијата и го уништуваш протестот за да не штетиш политички на владата. Сега, кога чувствуваш неправда, ги повикуваш истите кои си ги плукал и етикетирал да излезат со тебе. Не одат така работите“.
„НИКОЈ на протест утре. Заблагодари се на Мицко“.
„Максималната казна 20 години, а ти му даваш 12. Максимална 15 ти му даваш 7… Па, еднаш колку толку да биде задоволена правдата, може ли? “
„Донесена највисока казна за сообраќајка со смртни последици. Направен пример од несовесен возач. И само да се потсетиме дека целта на затворот не е само казна, туку и ресоцијализација“.
„Само 12 години го осудија … И, тоа , под притисок на медиумите . Во спротивно , сигурно ќе беше 2 години !“
„Зошто не 18-20 год казна затвор? Каде е причината за отстапки од максималната казна?“
„Ако казната на убиецот на Фросина од 12 години е фер за судиите, што треба да направи возач за да добие максимални 20 години, пола Скопје да го изгази?“
„Не е суден за сообраќајата туку по невообичаено дело за ваков случај ‘општа опасност’. Реално 12 години е реална пресуда. Дури и накај престрога“.