Студентката Чарна Навзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2025 во Индија

Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20) ќе не претставува на најпрестижниот избор на убавина- Мис на светот во Телангана, Индија, што почнува денес и ќе трае до 31 мај, во организација на Џулија Морли. Финалето ќе се одржи во изложбениот центар Хитекс на 31 мај, каде што актуелната Мис на светот, Кристина Пишкова од Чешка, ќе ја круниса својата наследничка.
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Северна Македонија на глобалната сцена“ – напиша Чарна.
Сепак, прва љубов на Чарна е правото. Во декември 2023 победи на ораторската вечер ‘Иво Пухан’ која се одржа на Правниот факултет ‘Јустинијан Први’, при УКИМ во Скопје на тема ‘Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот’.“
Организаторите на светскиот избор споделија дека над 100 кандидатки од цел свет не само што ќе учествуваат на изборот за убавина, туку ќе понесат и спомени од добро организираните тури на местата на индиското наследство. За да се претстави индиското културно наследство на светот, внимателно испланираната маршрута ќе им даде на учесничките увид во културата, историјата и модерната инфраструктура на Телангана. Овој глобален настан ја означува иницијативата на Конгресната влада, предводена од Ревант Реди, да ја воспостави државата како водечка туристичка дестинација во Индија.
Мис на светот е основана во 1951 година од Ерик Морли во Обединетото Кралство. По смртта на Морли во 2000 година, неговата сопруга Џулија Морли ја презеде функцијата претседател на Организацијата Мис на светот.Мис на светот повеќе се фокусира на хуманитарни прашања со своето мото „Убавина со цел“. Натпреварувачите се вклучени во добротворни проекти и се оценуваат според нивната посветеност на општествено корисна работа, покрај нивната убавина и талент.Мис на светот често вклучува подолго времетраење за своите настани, при што натпреварувачите учествуваат во активности пред изборот, добротворни настани и прелиминарни натпревари кои траат неколку недели. Завршниот настан се фокусира на прикажување на резултатите од овие активности, вклучувајќи ги и проектите „Убавина со цел“.Мис на светот обезбедува стипендии и поддршка за добротворна работа, охрабрувајќи ги победниците и натпреварувачите да ги остварат своите образовни цели и да продолжат со своите хуманитарни напори. Организацијата се фокусира на создавање амбасадори за глобални добротворни цели. На победничката на Мис на светот и се доделува парична награда, при што износот варира годишно. Иако точната бројка не е секогаш позната на јавноста, некои извештаи покажуваат дека може да достигне до 1 милион долари. Организацијата, исто така, обезбедува финансиска поддршка за проектот на победничката „Убавина со цел“, со што ја унапредува нејзината способност да има добротворно влијание. Додека фокусот е повеќе на хуманитарниот аспект, победниците исто така добиваат пристап до различни можности кои можат да ја подобрат нивната кариера и личен развој.