Стружани повторно се без вода, а имаат езеро


Стружани утрово уште од раните утрински часови полнеа садови со вода и правеа залихи за да имаат барем за текот на денот.

Овој проблем трае подолг период, а вчера Струга повторно беше без вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ дури доцна вечерта излегоа со соопштение дека се работело на главната водоводна цевка и дека дефектот е надминат. Но, и покрај тоа, денеска повторно нема вода или има со многу слаб притисок.

Се поставува прашањето: до кога ќе се провлекува овој горлив проблем во градот кој буквално „спие“ на вода, а останува жеден? И дали конечно некој од надлежните ќе најде сила и решение за оваа состојба?