Струмичани користејќи велосипеди, ќе прозиведуваат струја, за да гледаат филм


За прв пат струмичании ќе може да гледаат филмски проекции кои ќе бидат прикажани благодарение на електричната енергија која што ќе ја произведуваат со еко-велосипеди. Како што најавија од „Go green“ ќе бидат прикажани два филма, а целта на овој настан е да се подигне јавната свест за еколошка и одржлива енергија. Ова значи дека посетителите ем ќе возат велосипеди,ем ќе гледаат филмови, пренесе ТВ Вис.

Настанот е организиран од страна на Europe House Струмица заедно со GoGreen, по повод Европската недела на одржлива енергија. Оттаму апелираат дека за во ова уникатно и еко –пријателско кино струјата нема да прозилегува од обичните извори туку од самите нив. Тврдат дека нивното возење ќе биде претворено во енергија која ќе го овозможи прикажувањето на филмовите.