Струмичанец и скопјанец се степале во Аеродром


Вчера се степале две лица во скопската населба Аеродром.

– На 26.07.2023 во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Р.(25) од с.Баница, струмичко и С.С.(55) од Скопје, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.