Стрип-авторот Златко Крстевски награден во Сеул


На 11-та манифестација за современа уметничка карикатура СИКАКО 2022/23 во Сеул Кореја ,покрај  учество на 60 земји ,САД,Франција ,Чешка,Иран,Турција,  Египет,Кина со учество над 1500 дела на современ сатиричен цртеж и уметничка карикатура , награден е македонскиот стрип автор Златко Крстевски Правилата за учество на изложбата се праќаат исклучиво  оригинални  дела , на тема ,,Криза “ , потпишани од уметниците.

Организатор  е меѓународниот Институт за современа карикатурална уметност СИЈОНГ од Сеул Кореја. Делата се предходно жирирани , во моментов изложени во Сити Паблик Галери во Сеул, куратор на ликовната поставка е Др.Лим Ченг Сан . После поставката делата сите 20 дела од Крстевски ќе бидат дел од фондот на Сити Галери од Сеул .

Крстевски со свои дела застапен е и во антологијата ,,Бест Картунс оф Нипон ,, публикувана од Музејот Саитама Сити -Јапонија во чест на таткото на манга уметноста Ракутен Китазава . Крстевски покрај стрип ,сатиричен цртеж , се активно се занимава со сликарство масло на платно ,член на ДЛУБ Битола ,ГАПИ-Кореја ,ХДК-Загреб. Застапен и во најголемата енциклопедија на деветтата уметност  ЛАМБИЕК од Амстердам Холандија .