Страшна сообраќајна несреќа во Бутел, загина пешак по судир на две возила


Трагедијата се случила при судир на два автомобили на кростосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка„ со „Македонско-косовска бригада“.

Загинатото момче веднаш било пренесено во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнало на повредите. На видеото од безбедносните камери кое го објави Алсат М се гледа како настрада момчето додека стои на пешачкиот остров на крстосницата, кога пред него се судираат двете возила. Со тешки повреди се здобиле и возачот С.О. и неговата сопатничка од Скопје како и возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 ми Септември“.

Обвинителството веќе работи на утврдување на причините за страотната несреќа која се случи синоќа пред полноќ тука на оваа раскрсница. Од таму во првичното соопштение кое го испратија до медиумите. Велат дека е веќе е извршен увид на лице место, прибрни се траги, како и обезбедени се снимките од видео надзорот.

ОД МВР велат дека се работи на расчистување на случајот, а воедно и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила..

-Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи затоа што секое непочитување може да доведе до вакви последици за жал еве сведоци сме кога имаме изгубено живот затоа што некој не се однесувал одоговнро и не ги почитувал правилата. – Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Од МВР наведуват дека минатата година биле напишани 250.000 казни за непочитување на сообрќаните правила, како возење со брзина над дозволената, поминување на црвено и возење под дејство на алкохол.