Страшна експлозија во Бејрут: Загина висок член на Хамас (видео)


Во израелскиот напад на предградијата на Бејрут беа погодени просториите на Хамас, како резултат на што е убиен високиот функционер на Хамас Салех ал Арури, јавуваат либанските медиуми.

Според Ројтерс, во нападот загинале четири лица, меѓу кои и Ел Аури.

Тој наводно одиграл важна улога во Хамас кога станува збор за организирање терористички напади на Западниот Брег, пишува Тајмс оф Израел.

Израелската армија сè уште не го коментираше инцидентот.