Стотици луѓе повредени во снежната бура што ја погоди Чешка
Снежната бура што од вчера ја зафати Чешка го отежна сообраќајот во земјата и предизвика несреќи во кои се повредени стотици луѓе.
Чешките пожарникари вчера и денеска интервенирале во над 600 случаи, од сообраќајни несреќи, паднати дрва до возила заглавени во снег.
Надлежните апелираа до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот. Тие исто така соопшија дека снегот се чисти од сите автопатите и од локалните патишта.
Поради невремето летовите на аеродромот во Прага доцнеа неколку часа.
Во Прага денеска околу 26.000 домаќинства останаа без греење и топла вода, по дефект на регионалниот топловод.