Стојаноски: Директорите од СДС и ДУИ набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на прес конференција денес обвини дека при  контролите направени во здравствените установи констатирани се набавки на лекови кои не се на листата на лекови што  ја утврдува Фондот за здравствено осигурување, на кој министерот за здравство дава согласност. Споиред него, тоа се случувало во  Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Струга, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Општа болница – Струга, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар.

„Злоупотреби се правени и во делот на дежурствата. Имено при контролите евидентиран е случај во ЈЗУ, каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство, но на контролата не и е дадена на увид согласност од Министерство за здравство, за обезбедување непрекинато вршење здравствена дејност со работа со дежурство во: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Општа болница – Струмица. Одговорните лица во здравството од СДС и ДУИ се однесувале како клиниките и болниците да се нивна своина, без да водат грижа за вработените, средствата и пациентите. Времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има“ – вели Стојаноски.

Според неофицијални информации инспекциските служби под притисок на владата на  ВМРО-ДПМНЕ деновиве работат по две смени едноподруго, во обид да најдат што повеќе можни злоупотреби во институциите од времето на претходната власт за да имаат материјал за ваквите секојдневни прес конференции, кои се почести од владините. Практично пропагандните пи-ар активности сега се дуплирани, со помош на парите од буџетот, а транспарентноста за тоа што работат е се помала и главните одлуки се носат зад затворени врати, како таа за заемот со Унгарија и посетата на Силјановска на Бугарија за која не беа поканети новинари.