Стоилковски го праша Таравари кој меѓународен фактор барал Алијанса да влезе во владата


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски го праша денес лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој меѓународен фактор барал од нив да влезат во владата.

Стоилковски додаде дека Таравари треба јасно и гласно да одговори на јавноста кој е тој меѓународен фактор, а доколку не каже, тоа значи дека има друга причина зошто лидерот на оваа партија сака да влезе во Владата.

„Доколку Таравари премолчи и не каже, значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.