Стигнале 40 приговори за обвинителниот акт околу пожарот во Кочани

Основниот кривичен суд – Скопје информира дека обвинителниот акт поврзан со несреќата во Кочани е во постапка на оцена пред Советот за оцена на обвинителен акт. Досега се доставени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители, кои веќе се испратени до надлежното обвинителство. Судот посочува дека станува збор за обемен предмет со 37 обвинети физички и правни лица и голем број оштетени и докази, нагласувајќи дека сите законски рокови и права на странките мора да бидат почитувани за да не се загрози процесот.
-Обвинителниот акт КООА 155/25 е во фаза на оцена пред Совет за оцена на обвинителен акт. До овој момент до судот доставени се 40 приговори од обвинетите и нивните бранители кои веќе се експедираат на надлежното јавно обвинителство. Примените приговори се во фаза на анализа од советот за оцена по што треба да биде донесена одлука за која странките и јавноста ќе бидат известени.
Обвинителен предмет КОК ООА 21/25 во јавноста познат како „Адитив“ против 36 обвинети правни и физички лица, поднесен на 27.02.2025 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 06.05.2025 год.,
Обвинителен предмет КОК ООА 5/24 во јавноста познат како „Синџир“ против 41 обвинети правни и физички лица, поднесен на 23.01.2024 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.04.2024 год.,
Обвинителен предмет КОК ООА 10/18 во јавноста познат како „27 ми април“ против 30 обвинети лица, поднесен на 27.03.2018 год., по исполнување на сите Законски предвидени рокови, оценет на 22.06.2018 год.
Односно предмети кои биле и со помал број на обвинети лица, а бил оценувани вон судска ферија и годишни одмори кои ги користат адвокатите, потребни биле околу 3 месеци за нивна оцена.
Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но Законодавецот предвидел прецизни рокови и права кои мора да бидат испочитувани како од странките во постапката така и од судот, се со цел да не се случат пропусти во постапката кои во иднина може да ја компромитираат судскиот процес, се наведува во соопштението на судот.