Стефан Темелковски победник на натпреварот за социјални медиуми на ЕБОР за Северна Македонија


Стефан Темелковски, менаџер во денталната поликлиника „Дента Ес“ е победник на натпреварот за социјални медиуми во земјава кој беше организиран од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка на Академијата „Да се знае како“ (Know how Academy). 

Темелковски освои една од петте онлајн обуки на партнерите на ЕБОР – Краун Ејџнтс (Crown Agents) во вредност од 1400 долари.

Програмата се состои од пет клучни основни бизнис модули, кои се специфично наменети да им помогнат на малите и микро претпријатија, во градење на вештините и деловната отпорност. Модулите на обуката се бесплатни и достапни се е на англиски, руски, арапски, украински и турски јазик. Програмата вклучува интерактивна обука, споделување искуство, информации за локалните извори на финансиска помош и дополнителни ресурси. По успешното завршување на курсот, учесниците добиваат сертификат.

Академијата „Да се знае како“ (Know How Academy) е креирана од ЕБОР и е финансирана од Европската Унија (вклучувајќи го и нејзиниот хаб за советодавни услуги за европски инвестиции European Investment Advisory Hub), Казакстан и Фондот за поддршка на малите бизниси на ЕБОР (EBRD Small Business Impact Fund) поддржан од Италија, Јапонија, Кореа, Луксембург, Норвешка, Швајцарија, Шведска, САД, Тајпеј Кина.