Старица загина во пожар во тетовско Жилче
Утрово, во 7.10 часот, во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче, во кој била пронајдена почината 80-годишната Р.Ѓ. од ова село.
Пожарот, кој го пријавил нејзиниот 44-годишен син, е целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица. Извршен е увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.