Стадионот ќе го носи името „Национална Арена Тоше Проески“
Национална Арена „Филип Втори“ заминува во историја, а од денеска националниот стадион ќе го носи името „Национална Арена Тоше Проески“, соопштија денеска од Владата.
„Утрово на редовната 129. седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“, велат Владата.
Со тоа одново се менува името на стадионот кој што го носеше името Градски Стадион во Скопје, потоа Национална Арена „Филип Втори“, а беше неколку месеци и „Телеком Арена“, за потоа повторно да го врати старото име.
Од сега ќе се нарекува Национална Арена „Тоше Проески“ во чест на македонската поп-ѕвезда.