Српскиот кореограф Александар Илиќ во НОБ го поставува современиот балет „Пепелашка“

Првиот солист на Балетот на Народно позориште во Белград Александар Илиќ ги привршува пробите за балетската претстава „Пепелашка“ во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје. Илиќ, кој е и кореограф, професор и основач на Институтот за уметничка игра, како и директор на Културниот центар во Белград, го поставува балетот од Сергеј Прокофјев како современ балет во три слики. Премиерата е закажана за 19 ноември.
Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.
Играат Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Ендру Кук (Англија), Кристијан Јангос, Драган Кочоски и Гала Кочевска, како и балетскиот ансамбл. Костимите се на Катарина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценографијата на Филип Коруновски, адаптацијата на музиката на Георг Драушник од Хрватска, а асистенти на кореографот се Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).