Средби на Николоски со Димас и Киранакис, отворени прашањата за железнички лиини меѓу двете земји и поголема соработка во авио секторот

Изградбата на брза пруга на Коридорот 10, зелени коридори на граничните премини, регионална соработка, поефикасен транспорт на стока и патници, се дел од темите што ги отвори заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешните две одвоени средби во Атина – со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис.
Во рамки на меѓусебната соработка, унапредувањето на патниот и железничкиот транспорт се областите каде двете земји имаат заеднички интерес во насока на регионален развој, беше потврдено на средбите.
Николоски ги потенцираше приоритетните проекти на Владата во делот во инфраструктурата со посебен фокус на брзата пруга на Коридорот 10, проект што треба да овозможи силен инпут во економскиот развој на регионот.
Меѓу другото, како што информира Министерството за транспорт, на средбите се разговараше и за модернизација на граничните премини преку создавање зелени ленти за да се овоможи побрз и поефикасен транспорт. Соговорниците изразија задоволство од одлуката на двете земји за изградбата на граничниот премин „Маркова нога“ како предуслов за зголемување на прекуграничната соработка и подобра комуникација на граѓаните.
Се отворија и прашањата за можноста на воспоставување железнички лиини меѓу двете земји, како и зголемување на соработката во авио секторот преку воведување нови авиолинии.
На средбите беше потенцирана регионалата соработка и се нагласи можноста за зголемување на економската и трговска соработка преку реализација на заеднички проекти.
Претходно, заменик претседателот на Владата, Николоски оствари средба и со вицепремиерот во Владата,Костис Казидакис.
Николоски и Казидакис заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка.
Средбите на заменик претседателот на Владата, Николоски се дел од дводневната работна посета на Грција.