Средбата на Радев и Вархеи во четири очи


Средбата на еврокомесарот Оливер Вархеи и бугарскиот претседател Румен Радев се одржала во четири очи. Неколку часа по неа, кабинетот на Радев издаде штуро соопштение во кое информираше дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан била во фокусот на разговорот

„Во текот на разговорот, шефот на бугарската држава го искажал ставот на нашата земја кој доследно ги изразува очекувањата на Бугарија за активна посветеност на Република Северна Македонија за решавање на отворените прашања во односите меѓу двете земји и одржливо спроведување на критериумите за членство од Копенхаген за ЕУ, за да се е придвижи напред  процесот на европска интеграција на нашиот југозападен сосед“, стои во соопштението за средбата.