Средба Јанев – Николовски, разговарале за „можни криминали“ во МЖ Инфраструктура и во ЈПДП
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска оствари работна средба со заменик претседателот на Влада и Министер за транспорт и врски Александар Николоски.
На средбата, како што се вели во соопштението до медиумите, беше разговарано и беа посочени можни криминали во однос на Извештајот од Државниот завод за ревизија во однос на работата на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“ за изградба на железничката пруга кон Бугарија и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), при што се дискутираа наводите од извештајот и од страна на директорот беше потенцирано дека Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни дејствија согласно надлежностите, се вели во соопштението до медиумите.