Србија во финале на Евросонг: Песната „Рамонда“ крие моќна порака

Теја Дора, синоќа настапи втора, а дозна дека оди во финалето - прва!


Фото: ЕБУ

Кога песната „Рамонда “ во изведба на Теја Дора победи на српскиот избор за  Песна на Евровизија, јавноста беше поделена, зашто сим имаше свој фаворит. Меѓутоа, зад песната застана Марија Шерифовиќ, победничка на Евросонг со „Молитва“, како член на жирито кое одлучуваше. Оттогаш Теја е во фокусот на јавноста, а нејзиниот настап на Евровизија за само десет часа беше прегледан повеќе од 220.000 пати.

Фото: ЕБУ

Синоќа, во првата полуфинална вечер Теја Дора (32) настапи втора со песната „Рамонда“со прекрасен визуелен настап, а првата дозна дека оди во финалето со песна напишана од Андријано Кадовиќ, Лука Јовановиќ и самата, со вистинското име Теодора Павловска. Нејзина голема поддршка пред евровизискиот настап во Шведска беше и поранешната српска претставничка Ана Ѓуриќ Констракт, која пред две години го зазеде високото петто место во финалето, а дали слично сценарио може да се повтори годинава ќе дознаеме веќе во четврток. 

Фото: ЕБУ

Оваа пејачка, композитор и текстописец студирала на престижниот американски колеџ за музика Беркли , за што добила и стипендија. Таму слушала предавања со Чарли Пут, додека Џими Пејџ, основачот на Лед Цепелин, и ја врачи последната диплома. Завршила музичко училиште во Белград, а потоа заминала на веќе споменатиот и почитуван колеџ во Бостон, каде студирала пеење. Потоа останала во Америка и некое време живеела во Њујорк.

На тиркизниот килим во Малме на отварањето на Евросонг

Со години пишуваше песни за други српски уметници, а во 2019 година реши сама да пее. Нејзината прва песна „Да на мени је“ стана хит, исто како и неколку песни што ги напиша за филмскиот серијал „Јужен ветер“.

Песната „Рамонда“ зборува за редок цвет кој во Србија го нарекуваат Рамонда на Наталија и е симбол на паднатите српски херои во Првата светска војна. А бидејќи се работи за растение кое го носи и името „цвет феникс“ поради неговата способност да оживува дури и кога е целосно сув, со помош на две или три капки вода, пејачката по победата на српскиот натпревар изјави дека ова е најдобрата порака со која оди на годинашниот Евросонг.