Србија без жртви од корона вирусот денеска, нови 67 случаи

Во Србија до 15 часот регистрирани се уште 67 заразени од корона вирус, а во последните 24 часа немало нови жртви, објави Бе92.
Тестирани биле примероци од 3.644 лица, од кои 67 биле позитивни.
Во болница се 658 пациенти, а на респиратор остануваат 12 пациенти.
Вкупно во Србија до сега се теситрани 217.856 лица, а починати од почетокот на епидемијата се 238. Излечени се 5.857 граѓани.
Во Србија од почетокот на епидемијата потврдени се 11.159 случаи од корона вирус.