Грција ќе ѝ ги предаде моштите на Цар Самуил на Бугарија

Барањето го испорача владата на Кирил Петков. Преговорите за пренесување на останките траеја пет години. Тие ќе бидат сместени во саркофаг во црква во Софија


Споменикот на Цар Самоил на главниот плоштад во Скопје

 

Останките, за кои се верува дека му припаѓаат на цар Самуил, ќе ѝ бидат предадени на Бугарија од Грција оваа недела. Тие ќе бидат пречекани со официјална церемонија во Софија на 3 октомври, објави премиерот Румен Радев на почетокот на денешната владина седница.

Останките ќе бидат транспортирани од Грција во Бугарија со авионот „Спартан“, по што ќе бидат сместени во посебен саркофаг во црквата „Света Софија“.

Враќањето на останките е резултат на договор постигнат меѓу Бугарија и Грција. Тој, исто така, предвидува реципрочен трансфер за зачувување на историски, религиозни и културни артефакти и реликвии.

Прашањето го покрена владата на Кирил Петков во 2022 година. Во разговорите со премиерот Киријакос Мицотакиц беа нагласени контактите во областа на енергетиката, електричните врски, инфраструктурата, логистиката и пристаништата. Во рамките на овие дискусии, беше покренато и прашањето за останките на средновековниот владетел.

За да бидат предадени останките, беше потребно да се направат договори со грчките институции, вклучително и Грчката православна црква. Речиси пет години по почетокот на постапката, таа е при крај.

Останките се откриени во 1969 година. од грчкиот археолог Николаос Мукопулос во базиликата „Свети Ахил“ во Малото Преспанско Езеро. Во јужниот брод на базиликата се откриени четири погребувања, поврзани со Самуиловата династија.

Грчкиот медиум „Нефтемборики“ пишува дека договорт за останките на Цар Самоил бил во периодот на енергетската криза, кога Софија и Атина се најдоа во многу поблиска соработка и на чисто практично ниво. Тој наведува дека иницијативата на Петков конечно се исплатела, иако со задоцнување, бидејќи тоа е прашање со посебна симболична и историска тежина за бугарското јавно мислење.

„Нам ни се падна историската чест да го постигнеме тоа“, рече Радев и му се заблагодари на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за „државната визија, политичката храброст и волјата“ за постигнувањето на договорот.

Според него, на 3 октомври во Музејот на византиската култура во Солун ќе се одржи церемонија, на која посмртните останки на Цар Самуил официјално ќе бидат предадени на бугарската држава. Ќе бидат предадени и останките од другите два саркофази, откриени во истата црква, за кои се вели дека му припаѓаат на царот Гаврило Радомир и на други членови на царското семејство.

Радев ги покани граѓаните на 3 октомври на плоштадот „Кнез Александар I“  да им оддадат почитна посмртните останки на владетелот.