Срби со лажни ПЦР тестови сакале да преминат граница на „Табановце“


Фото: Б. Грданоски

Во саботата, во 15.45 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници лишени се од слобода С.У.(50), С.Ш.(55) и М.Ј.(35), сите од Р.Србија, поради постоење основано сомнение дека поседуваат фалсификувани ПЦР тестови.

Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Истиот ден, во 15.40 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е лишен од слобода Г.M.(63) од Р.Турција, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа – зелена карта“.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.