Спор околу исплатата на бонус на првиот човек на „Визер“


Јозеф Варади, извршен директор на „Визер“

Водечките групи за корпоративно управување со седиште во Велика Британија изразија загриженост во врска со можната исплата на бонуси на извршниот директор на „Визер“, Јозеф Варади во пресрет на собранието на авиокомпанијата, објавија локалните медиуми на 20-ти јули.

Иако не ја исполни целта за добивката потребна за исплата, Варади се очекува да добие бонус од 188 милиони унгарски форинти (533.000 евра) со одобрување на акционерите. Основниот пакет за плата на првиот човек на „Визер“ е 2,8 милиони евра годишно, пренесува СЕЕбиз.

Приходите на водечката авиокомпанија во централна и источна Европа ЦИЕ пораснаа за 19,1 отсто на 2,76 милијарди евра во деловната 2019-2020 година што заврши на 31 март, откако бројот на патници се зголеми за 15,8 отсто на годишно ниво, на 40 милиони. Добивката за деловната година изнесуваше 281 милиони евра. Менаџментот ја врза исплатата на бонусот со профит од 294 милиони евра што не беше исполнето заради „заклучувањето“ на државите погодени од корона вирусот.

Од „Глас Луис“, водечки независен провајдер на услуги за глобално управување, велат дека извршниот директор не смее да има право на бонус затоа што авиокомпанијата отпушти 1.000 вработени, или 20 проценти од вкупната работна сила, а ја искористи и владината шема на Велика Британија среде епидемијата. Покрај тоа, таа ги искористи средствата на Банката на Англија за финансирање на корпорациите во услови на пандемија во износ од 300 милиони фунти.

„Визер“ ги надмина другите авиокомпании во сите категории, изјавија за унгарските медиуми од Одборот на „Виз Ер“ задолжен за бонуси.

Од 2014 година, во период од шест години, бројот на вработени во авиокомпанијата се зголеми од 1.600 на речиси 5.000 (пред да се намали на 4.000). Од компанијата велат дека имаат цел да ги вратат своите вработени кога ќе закрепне од последиците на пандемијата. Од одборот велат дека би било неправедно и нема да им служи на интересите на акционерите доколку вонредните настани се пресметаат во работењето на авиокомпанијата.